МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

25 декември 2020

25 декември 2020

– Северна Македонија е подготвена за почеток на преговори со Европската Унија, земјата стори се што треба за да почне отворањето на поглавјата, фокусот и натаму е евроинтеграцијата, а одложувањето на преговорите беше грешка на самата Унија.

– Нацрт-концепцијата за основно образование за која надлежните тврдат дека предвидува издржани реформи што водат кон поквалитетно образование, предизвикува реакции од институции и здруженија кои сметаат дека треба да се подготви нова низ  долготраен процес и преку сериозна стручна и академска расправа.

 – Бремените жени не се враќаат со физичко присуство на работа и по 31 декември. Тие се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство се до завршување на пандемијата со Ковид 19. Бројките на новозаразени според последните објавени извештаи говорат за приближни бројки на новозаразени и оздравени. Во билтенот вчера беа регистрирани 592 нови случаи, 691 оздравен, во болички услови се лекуваат 613, а во последниот ден починале 21 лице.

 Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик. Традиционално, во државава централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божикна света литургија.

– ЕУ интеграции, борба против дезинформациите и хибридните закани, антикорупција, правда, попис, избори, антинационализам, зелени вредности и човекови права, се дел од темите на кои ќе се говори на денешната конференцијата на ЦИВИЛ под наслов „Перспективи 2021“.

– Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска преку видео конференциска врска ќе го одржи последниот јавен состанок за 2020 година.

– Амбасадорите на земјите од Европската унија денеска во Брисел ќе разговараат за трговскиот договор за напуштањето на Велика Британија на Унијата.

– Британскиот премиер Борис Џонсон во видеопорака објавена доцна синоќа, ги повика Британците денеска на Божиќ да го прочитаат трговскиот договор постигнат со Брисел.

–  Хакерска група нападнала е-пошта на калифорниска компанија што работи во областа на информациска безбедност. Трагите водат кон Русија, јавија американски медиуми.

– Католичките верници ширум светот денеска го слават Божик во малку поинаква атмосфера, без големи семејни собири поради пандемијата на коронавирусот.

– Првиот камен на европската конструкција е поставен на 9 мај 1950 година од страна на Роберт Шуман, француски министер за надворешни работи, предлагајќи и на Германија, само пет години по нејзината капитулација во Втората светска војна, да го интегрира француското и германското производство на јаглен и челик во организација отворена за сите европски земји.

– Наполи е подготвен да го продаде Фабиан Руиз, откако преговорите за нов договор влегоа во „ќорсокак“, јавија италијанските медиуми, додавајќи оти цената што клубот од Неапол ќе ја бара за Шпанецот е 50 милиони евра.

– Времето во земјата денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по котлините претпладне со појава на магла. Во западните делови ќе биде облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.

 

 

Back to top button
Close
Close