МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

23 декември 2020

23 декември 2020

– Владата ќе продолжи да дава и да разменува идеи се додека не се надминат проблемите и пречките со Бугарија, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски во одговор на новинарско прашање зошто специјалниот претставник не ја информира јавноста по враќањето од Софија за нонпејперот што го претставил на бугарските власти.

– Вкупно 44 милиони денари ќе бидат одвоени од Буџетот за 2020 година за спас на Преспанското Езеро. Како што информираа денеска владините портпароли, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, соопштувајќи ги одлуките донесени на вчерашната владина седница, парите ќе и бидат одобрени на општина Ресен, а се наменети за активностите на Акцискиот план за Преспанското Езеро.

– Не чекаме само на донации, се користат сите инструменти и навреме се почнати сите процедури. Веќе се обзбедени 833.000 вакцини за околу 400.000 граѓани и треба да пристигнат во првите месеци од 2021 година, соопшти денеска владиниот портпарол, Душко Арсовски.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со новоименуваниот амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бомгартнер.

– Претседателот и врховен командант на Армијата Стево Пендаровски, денеска во Домот на Армијата во Скопје, беше информиран од страна на началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски за состојбата и борбената подготвеност на Армијата на Република Северна Македонија во 2020 година.

Дирекцијата за технолошко развојни зони (ДТРИЗ) одобри предвремена исплата на обврските на државата кон две странски инвестиции Костал и Гентерм, кои порано од предвиденото веќе ги постигнале планираните таргети за вработување и заклучно со крајот на 2020 година само во овие две компании креирани се над 1 000 работни места повеќе од поставените цели.

– Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува до крајот на годинава да бидат реализирани 80 проценти од капиталните инвестиции на Министерството.

– Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го повика новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, да посвети должно внимание на турско-американските односи, јави агенцијата Анадолија.

Чешката Влада од недела ќе ги затвори неесенцијалните продавници и ќе воведе построг полициски час во обид да се запре зголемувањето на инфекциите и хоспитализациите поради коронавирусот, изјави денеска чешкиот министер за здравство Јан Блатни.

– Еден полицаец е убиен, а двајца се ранети во бомбашки напад во Кабул, додека со друга престрелка денеска е убиен извршниот директор на независно тело за набљудување на изборите во Авганистан, соопштија локалните власти.

Фудбалерот за врска на Индепендиенте дел Вале, Мојзес Каиседо може да ја продолжи кариерата во Премиер лигата.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close