МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

30 ноември 2020

30 ноември 2020

– Северна Македонија и земјите членки на Европската Унија добија охрабрување од САД да продолжат да бараат решение за билатералните прашања надвор од процесот за интеграција на земјава во ЕУ. САД, преку помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот, Филип Рикер во писмото кое го испрати до премиерот Зоран Заев, порачаа дека треба да оствариме прогрес во овие аспирации со отворање и затворање на поглавјата во преговорите со ЕУ.

– Од денеска се очекува одреден број доктори и медицински сестри кои работеле за војската, да се приклучат кон здравствениот персонал од јавните здравствени установи во борбата против ковид пандемијата. По прогласувањето на кризната состојба, како поддршка во обезбедување на ред во ковид центрите низ државата распоредени се и припадници на Армијата.

– Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува расправата по Предлог-буџетот за 2021 година. Седницата е најавена во 11 часот.

– Предлогот на претседателот на Собранието за дополнување на Деловникот за работа денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

– Министерството за економија денеска ќе потпише меморандум за соработка со Стопанската комора на северозападна Македонија.

– Унијата на македонските професионални асоцијации во креативните индустрии (УМПАКИ), денеска и утре организира прв Меѓународен форум за креативно културно претприемништво.

–  Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска преку видео – конференциска врска ќе учествува на состанок на САД – Јадрнската повелба, на кој ќе се дискутира за предизвиците на земјите од регионот во однос на пандемијата предизвикана од корона – вирусот, како и важната улога на вооружените сили во поддршка на здравствениот систем во борбата со пандемијата.

– Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј го поздрави потегот на српската Влада да ја повлече одлуката за протерување на црногорскиот амбасадор од земјата.

– Вакцината против Ковид-19 – „Епиваккорона“, изработена од Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, би можела да биде пуштена во цивилна циркулација уште следниот месец, изјави директорот на центарот, Ринат Максјутов.

– Новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден планира да ја назначи Џен Псаки за портпарол на Белата куќа во неговата нова администрација, се наведува во соопштението објавено на официјалната веб-страница на демократот.

– Вулкан во источниот дел на Индонезија, кој вчера се активира, исфрлајќи пепел на височина од 4.000 метри, го принуди локалното население на евакуација.

 Кошаркарките на “Баскет Кам” забележаа убедлива победа во второто коло од Првата женска кошаркарска лига на Македонија, совладувајќи ја екипата на ЖКК „Куманово“, успеа да слават со високи 106:46.

 – Тимот на Арсенал се наоѓа во сериозна резултатска криза, а тоа се потврди и вчеравечер кога „топчиите“ загубија на домашен терен од Вулверхемптон со 2:1.

 – Напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње ги сумираше впечатоците од натпреварот од 9. коло на италијанскиот шампионат против Рома (4:0).

 Формула 1 тимот Хас сподели информации за здравствената состојба на Ромен Грожан, кој вчера имаше сериозна несреќа на почетокот на трката за Големата награда на Бахреин.

 Шпанскиот кошаркарски стручњак Жоан Плаза е назначен за нов тренер на Бетис.

– Облачно време со повремен слаб дожд во утринските часови ќе преовладува денеска во земјава. На некои повисоки места и на планините се очекува слаб снег, а можна е и изолирана појава на замрзнат дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 5, а максималната од 4 до 10 степени.

Back to top button
Close
Close