МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

27 ноември 2020

27 ноември 2020

Да не се пијат антибиотици неконтролирано. Има сосема доволна количина лекови за третман на пациенти со Ковид-19. Ова не е болест за која има еден специфичен лек, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Донација од 13 500 брзи тестови доби државава од Кралството Норвешка. На примопредавањето на донацијата во кругот на Воено-медицинскиот центар во Скопје присуствуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за здравство Венко Филипче и одбранбениот аташе на Кралството Норвешка, Егил Далтвејт.

Ако првиот човек на државата во изминатите четири години како премиер, со пристап до сите безбедносни информации, каже дека организатори за настаните од 27 април сигурно не се Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Трајко Вељаноски мислам дека е сосема релевантна информација која може да се земе предвид и треба ова обвинение во таа насока и да оди, односно истото да биде повлечено, изјави по денешното рочиште за организаторите на настаните во Собранието на 27 април, адвокатот Еленко Миланов.

– Не сакаме да бидеме заложници на темните страни на балканската историја. Денешните предизвици не може да се решаваат исклучиво ако со двете нозе сме во минатото, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Премиерот денеска беше викнат во својство на сведок, не беше викнат во својство на вешто лице да дава свое мислење. Тој не понуди никакви докази дека овие луѓе не се едни од организаторите. Апсолутно не се сложувам со изјавата дека биле изманипулирани, изјави обвинителката Вилма Русковска, по денешното рочиште за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

 Косовскиот премиер Авдулах Хоти ги демантира информациите објавени во дел од медиумите во Косово и Србија дека постои некаков „договор на добра волја“ меѓу двете земји за посетите на српски официјални лица на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Младите се „главни жртви“ на кризата предизвикана од епидемијата со Ковид-19, според Опсерваторијата за нееднаквости во Франција. Затоа владата одлучи овој петок на 400.000 млади корисници на помош за стан или стипендисти да им додели помош од по 150 евра, јави дописникот на МИА.

– Американската компанија за онлајн трговија Амазон на вработените кои ги пакуваат и испорачуваат производите ќе им исплати еднократен празничен бонус во износ од 300 долари, откако синдикатите и други организации ја критикуваа фирмата поради укинувањто на екстра надоместоците за работа во ризични услови поради пандемијата со Ковид-19.

– Коалицијата предводена од Саудиска Арабија која се бори против Хутите во Јемен изврши низа воздушни напади врз касарни кои ги кориари бунтовничката група во и околинаѕа на Сана.

Кошаркарот на Милвоки бакс и двократен МВП, Јанис Адетокумбо, планира да се врати во САД на 28 ноември.

 

 

Back to top button
Close
Close