МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

27 ноември 2020

27 ноември 2020

– Министерството за образование и наука (МОН) потсетува дека во тек е аплицирањето за стекнување на правото на студентска стипендија во академската 2020/2021 година, кое трае заклучно со 30 ноември и апелира заинтересираните електронски да аплицираат.

– Од разговорот со инспекторите бев информиран дека драстично е зголемен бројот на издадени решенија за изолација на лица заразени со Ковид 19 и лица кои биле во контакт со заболени. Тоа е показател дека влегуваме во можеби најкритичниот период од пандемијата, истакна денеска вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, по средбата со инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

– Овластени лица од Државниот инспекторат за животна средина, Градежниот инспекторат од Општина Охрид како и полициска екипа извршиле увид на местото каде неодамна со механизација се интервенираше на самиот брег на Охридското Езеро.

– Во Центарот за управување со кризи во тек е седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, како оперативно стручно тело што раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации.

– Антикорупциската комисија на денешната седница разгледа 18 предмети за претседатели на основи судови и по извршената проверка за следење на имотната состојба и судир на интереси согласно годишната програма за работа, утврди дека голем дел од нив не ја почитуваат обврската за поднесување анкетни листови, а за двајца судии постапката е продолжена поради прибирање дополнителни информации.

Партијата за демократска акција (СДА) на БиХ, бара од Претседателството на БиХ да ги ангажира припадниците на вооружените сили на границата со Србија, со цел да се запре приливот на нови мигранти.

– Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска изјави дека во земјата има „одредени сили кои имаат намера да предизвикаат хаос на улиците“.

– Европската комисија соопшти дека, и покрај ветото на Унгарија и Полска, го поддржува механизмот што го условува финансирањето од буџетот на ЕУ со владеењето на правото во земјите-членки.

– Кубанските власти го запреа протестот на група дисиденти, уметници, академици, новинари и активисти откако упаднаа во просторијата каде демонстрантите штрајкуваа со глад поради, како што тврдат, ограничувањата на граѓанските слободи.

Ардијан Аземи, освојувачот на бронзен медал на Европското првенство во бокс за младинци, кое минатата недела се одржа во Будва денес беше примен во Агенцијата за млади и спорт од страна каде имаа заедничка прес-конференција со директорот Наумче Мојсовски, заменик директорот на АМС Авни Рустеми, претседателот на боксерската федерација Примислав Димовски, и освојувачот на бронзениот медал Ардијан Аземи.

Back to top button
Close
Close