МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 ноември 2020

26 ноември 2020

– Сметам дека односот меѓу Бугарија и Македонија, во времето додека Македонија беше во рамките на Југославија, одамна е апсолвирано прашање и дека тука не смее да има никакви проблеми. И сите оние што сега го потегнуваат таквото прашање очигледно можат само да им пречат на односите меѓу Македонија и Бугарија, но и на мирното решавање на проблемите во целиот регион, вели поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ во интервју за МКД.мк.

– Намалена посетеност на кино салите, системски проблеми, пиратско симнување филмови, заборавена од државата и ставена на исто ниво со кафулињата, кафеаните и обложувалниците, се само дел од предизвиците и проблемите со кои се соочува филмската индустрија во нашата држава, а кои беа изнесени денеска на дебатата на тема „Кинодистрибуција во време на глобална пандемија“.

– Интервјуто на премиерот Зоран Заев за агенцијата БГНЕС, претставува мал чекор во вистинската насока, изјави денеска во Велико Трново бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

– Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со директорите на детските градинки со кои разговараше за предизвиците со кои се соочуваат во време на пандемија, важноста од строгото почитување на Протоколот за превенција и заштита од ширење на вирусот како основен заштитен механизам и други прашања важни за непречено функционирање на детските градинки, соопшти МТСП.

 – Косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави дека барањата на српските официјални лица за посета на Косово ќе се третираат „согласно чувствителноста на актуелната ситуација низ која минува земјата“, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Постоечките рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот се продолжуваат до понеделник 7 декември во шест часот наутро, соопшти портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

– Во Холандија во изминатите 24 часа регистрирани се 4.470 новозаболени лица од Ковид-19, со што вкупниот број на инфицирани се искачи над половина милион луѓе.

Речиси 99 проценти од Британците ќе треба да бидат под уште порестриктивен режим од следната недела, соопштија денеска британските власти.

– Училиштата во Пакистан од денеска се затворени, а испитите се одложени со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

– Во Аргентина е прогласена тридневна жалост поради смртта на фудбалерот Диего Армандо Марадона, а илјадници навивачи, почитувачи и граѓани се опростуваат од својот идол.

Во првото коло, од првата женска кошаркарска лига-запад, кошаркарките на „Бадел 1862“ од Кисела Вода, вчера на домашен терен триумфираа над екипата на ЖКК „Работнички“.

Матијас Морла, адвокат на починатиот поранешен аргентински фудбалер Диего Марадона, ги критикуваше лекарите кои требаше да се грижат за неговиот клиент.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close