МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 ноември 2020

26 ноември 2020

– Реконструкцијата и проширување со трета лента на патот Крива Паланка – Деве Баир, граничен премин со Бугарија, се одвива со забрзано темпо. Увид во градежните работи на терен денес извршија премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

– Град Скопје апелира до граѓаните за време на „Black Friday“ да го оставаат кабастиот отпад на местата за складирање. Оттаму потсетуваат дека амбалажата за пакување на големи производи, особено за бела техника, но и старите електронски уреди и мебел, се третираат како кабаст отпад и не треба да се ставаат во садовите за отпад.

– Како Влада и како луѓе ќе правиме се што е во наша можност да не направиме сите ние да бидеме заложници на историјата. Темните страници од балканската историја не треба да ни бидат судбина и ако европските нации најдоа сила да не забораваат, но да простуваат, тоа треба да го правиме и ние. Нашиот обид како Влада е да наоѓаме решенија кои ќе ни обезбедат европска иднина, нагласи денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Динамиката на изградба на примарниот гасоводен систем, текот на избор на изведувач на дистрибутивната гасоводна мрежа и гасното поврзување со Грција и останатите соседни земји, биле тема на разговор на денешната средба на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи со директорот на Национални енергетски ресурси Бајрам Реџепи.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска имаше среба со директорите на ковид – центрите од комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, на која се разгледа состојбата со пополнетоста на капацитетите на клиниките и динаминиката на отворање на нови оддeленија за ковид пациенти. Во моментов Интерните клиники располагаат со околу 190 болнички кревети со довод на кислород. Иако пополнетоста на капацитетите е висока, постојано се прават исписи на пациенти и слободни места има, соопшти Министерството за здравство.

– На денешен ден, пред една година, Албанија ја потресе најсилниот земјотрес во последните неколку децении.

– Уделот на британските работници кои се на принуден одмор скокна на највисоко ниво од крајот на јуни по воведувањето на привремените четиринеделни мерки за затворање низ Англија, поради вториот бран на епидемијата на коронавирусот, покажуваат денешните официјални бројки.

– Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека е воспоставена координација со Белорусија во рамките на Унијата на заеднички држави за синхронизирање на „стоп листата“, како одговор на санкциите наметнати од Западот.

– Бројот на луѓе кои живеат со недијагностициран ХИВ во Европа се зголемува и само во 2019 година, вирусот е дијагностициран кај повеќе од 136.000 луѓе, покажуваат податоците објавени денеска од Европскиот центар за контрола на болести и Светската здравствена организација за Европа.

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Виктор Ефремовски посакува две победи на претстојниот квалификациски турнир во Талин.

 

Back to top button
Close
Close