МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

24 ноември 2020

24 ноември 2020

– Парламентарните партии и денеска останаа на своите ставови во однос на можноста пратеници со Ковид-19 или во изолација со решение да можат онлајн да се изјаснуваат на седници и на работни тела – владејачките партии сакаат предлогот за дополнување на Деловникот да се изгласа и сметаат дека е неопходен, опозицијата дека е противуставен и дека 62 пратеници не се доволни за функционално Собрание.

Вкупно 295 припадници на Армијата ќе учествуваат во поддршка на полицијата за обезбедување на објектите согласно потребите на Министерството за здравство. Оваа бројка е еластична и тоа не значи дека утре ќе излезат на терен сите, изјави денеска в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

– По кратко боледување вчера почина проф. д-р Снежана Веновска-Антевска, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје и директор на оваа научна установа во периодот од 2002 до 2006 година.

– По објавата дека државата времено се откажува од инвестирање во бугарската нуклеарна централа Белене и се насочува кон грчката гасна електрана во Александруполис денеска од ЕСМ за МИА ги појаснуваат причините за ваквата одлука.

– Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека опозицијата навремено била запозната со идејата за предлогот за работа на далечина на пратениците во случај на Ковид-19 и самоизолација потенцирајќи дека дополнувањето на Предлогот на Деловникот на Собранието се однесува на пратеници кои ќе имаат решение од соодветна институција и доколку состојбата им дозволува да се вклучат онлајн, односно ако се асимптоматски случаи или со лесни симптоми на домашно лекување.

 – Амбасадите на Косово во светот во иднина, освен дипломатските и политички, ќе вршат и културни активности преку културните аташеа кои ќе бидат именувани во текот на 2021 година, јавија дописникот на МИА од Приштина.

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денеска ја осуди Турција за одредување истражен затвор за новинар кој бил осомничен за пропаганда во корист на организации за кои се смета дека се терористички, и покрај отсуството на веродостојни докази, јави дописникот на МИА.

Поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе денеска призна дека во тек е истрага за спорните трошоци за вечера подготвена од неговиот кабинет за неговите приврзаници.

 

Back to top button
Close
Close