МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

24 ноември 2020

24 ноември 2020

– Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози од по 2 000 евра против три физички и од 5 000 евра против едно правно лице за организација на масовни собири во Скопје.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 48 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 476 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

– Како Асоцијација шест години вложуваме во промоција на потенцијалот на македонската лесна преработувачка индустрија. Наша мисија е да ги поврземе домашните производители од оваа индустрија со странски компании купувачи, да им го олесниме излезот на светските пазари, посочи Гоце Пешев, извршен директор на Македонската асоцијација на метална и електро индустрија МАМЕИ во своето обраќање на отворањето на тридневниот онлајн бизнис настан – Macedonian Manufacturing Expo 2020.

 Владата денеска преку видеоконференциска интернет комуникација ќе ја одржи редовната 24-та седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и предлог-законите за Агенцијата за разузнавање, за даноците на имот и за трговија.

– Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 до 22 ноември тестирани се вкупно 19.664 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 6,3 отсто во однос на минатата недела.

– Сценариото за укинување на карантинот и олабавување на рестриктивните мерки во Грција на 1 декември, се чини дека сѐ повеќе се оддалечува, а поверојатно е дека забраната за движење ќе биде дополнително продолжена и по 30 ноември, наведе министерот за здравство и владиниот портпарол, јави дописничката на МИА од Атина.

Бројот на починати од последиците на Ковид-19 во Италија, 11 месеци од почетокот на пандемијата, надмина 50.000, а само во последните 24 часа е зголемен за 630 нови жртви на инфекцијата, јави агенцијата Анса.

Гувернерката на Токио, Јурико Коике одлучи Олимписките игри да се одржат во 2021 година, и покрај зголемувањето на бројот на заразени со вирусот.

Центарот Демаркус Казинс својата кариера ќе ја продолжи во Хјустон, објави инсајдерот на „Атлетик“, Шамс Харанија.

Back to top button
Close
Close