МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

23 ноември 2020

23 ноември 2020

Државава ќе ја добие таа вакцина против Ковид-19, која прва ке биде регистрирана и одобрена преку Ковакс механизмот. Реално би било тоа да се случи во првите месеци од 2021 година, вели за МИА, проф. д-р Александра Грозданова од Фармацевтскиот факултет при УКИМ, која е претседател на Комитетот за имунизација.

– До крајот на денот се очекува да се знае колку припадници на полицијата и Армијата ќе бидат потребни за обезбедување на објектите кои ги посочи Министерството за здравство во Акцискиот план. Како што изјави в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов по седницата на Главниот штаб за управување со кризи, ситуацијата од безбедносен аспект е целосно под контрола, во болниците нема нарушување на јавниот ред и мир и кај граѓаните не треба да се создава паника.

– Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 821 пациент позитивeн и суспектен на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Министерот за здравство Венко Филипче изутрината побара од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да извршат вонреден инспекциски надзор за утврдување на возраста на пациентите хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“, откако на социјалните мрежи и во медиуми излезе информација дека наводно пациент кој требало да се хоспитализира во ковид – центарот во таа болница бил вратен поради неговата возраст, соопшти Министерството за здравство.

– Европската комисија денеска го презентираше својот редовен извештај за состојбата со аерозагадувањето во Европа, кој ги вклучува и шесте земји до западниот Балкан, во кој се оценува дека состојбата се уште е незадоволителна, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Градот Скопје и годинава, како и во изминатите четири години е подготвен за претстојната зима и зимското одржување на улиците за коишто е надлежен, а снегот и оваа година нема да ја изненади зимската служба, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов по посетата на пунктот на зимската служба во кругот на фабриката Железара.

– Мандатарот за состав на новата црногорска Влада, Здравко Кривокапиќ рекол дека комплетниот состав на владата ќе биде познат до петок и оти ќе ги испочитува роковите за да достави предлог за состав и експозе до парламентот три дена пред седницата, пишува црногорскиот весник „Вијести“.

– Доследноста, континуитетот и делата, а не зборовите се од голема важност и за Грција и за нашите европски партнери, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, говорејќи за односите со Турција и уште еднаш повтори дека очекуваат Анкара „да запре со провокативните активности“, јави дописничката на МИА од Атина.

– Литванскиот Парламент од утре ќе паузира една недела со цел да спречи ширење на коронавирусот меѓу пратениците.

– Јеменските бунтовници Хути денеска соопштија дека со крстосувачка ракета погодиле саудиска нафтена постројка во градот Џеда. Нападот бил извршен само неколку часа откако заврѓи онлајн Самитот на лидерите на Г-20, со кој претседава Саудиска Арабија.

Делегација од петмина играчи од НБА лигата, како и неколку претставници на најсилната кошаркарска лига на светот, денес се среќаваат со папата Франциск во Ватикан. Страните разговараат за борбата за социјална правда, која во последно време активно ја водеа спортистите.

Back to top button
Close
Close