МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

23 ноември 2020

23 ноември 2020

– Пратеничките групи доставиле 528 амандмани за Буџетот за 2021 година, за што комисиската расправа започнува утре и ќе трае во следните десет дена.

– Пратениците од владејачката СДСМ не се откажуваат од носењето на дополнување на Деловникот за работа на Собранието со којшто ќе се овозможи пратеници со Ковид-19 и во самоизолација онлајн да се вклучуваат на седници и на работни тела. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески изјави дека се надева дека сите пратеници ќе го поддржат предлогот на претседателот Талат Џафери и оти и нашиот Парламент ќе функционира како сите во светот во услови на пандемија.

– Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија денеска ги разгледа Предлог – закон за изменување на Законот за домување и измените и дополнувањата на предлог-законите за железничкиот систем и за комунални дејности, сите во прво читање. Во мирна атмосфера, без дискусија, со пет гласа „за“, без ниту еден глас против и без воздржани, Комисијата оцени дека сите три предлог-закони се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

– Амбасадата на Германија денеска донираше ново амбулантно возило на Клиничка болница-Штип, која е регионален Ковид центар. Германската амбасадорка Анке Холштајн истакна дека главен акцент на Германија и на земјите во ЕУ им е справување со пандемијата со Ковид-19 и нејзините последици.

– Во близина на крајбрежјето во северозападниот дел на грчкиот остров Родос, потонал чамец во кој се превезувале околу 14 лица, веројатно мигранти, а еден маж го загуби животот, јави дописничката на МИА од Атина.

– На одлуката на француското Националното собрание за казнување на злонамерното ширење на слики на полицијата, и покрај противењето на професијата и бранителите на слободите денеска реагираше и Европската комисија, која потсети дека новинарите треба да можат „слободно и безбедно да си ја вршат својата работа“.

– Нивото на атмосферски јаглерод диоксид продолжи да расте оваа година и покрај очекуваниот пад по „затворањата“ во земјите поради Ковид-19, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (СМО).

Делегација од петмина играчи од НБА лигата, како и неколку претставници на најсилната кошаркарска лига на светот, денес се среќаваат со папата Франциск во Ватикан. Страните разговараат за борбата за социјална правда, која во последно време активно ја водеа спортистите.

Back to top button
Close
Close