МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

23 ноември 2020

23 ноември 2020

– Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

– Претставувајќи ја Конституенцата на којашто припаѓа Северна Македонија ќе се залагам Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и натаму да дава силна поддршка за вашата земја, во спроведувањето на реформите и во активностите за надминување на актуелната криза којашто е глобален предизвик, истакна новиот извршен директор во ММФ, Пол Хилберс –  член на Извршниот одбор на ММФ и задолжен за нашата земја, на првиот состанок со раководството на Народната банка, по започнување на неговиот мандат.

– Под просекот за ноември се нивоата на Охридското и Преспанското езеро, како и на сите реки кај кои денеска се извршени хидролошки мерења.

– Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти скопското ЈП „Водовод и канализација“.

–  Од утре до 26 ноември ќе се одржи четвртиот  бизнис-настан „Macedonian Manufacturing Expo 2020 – The Virtual Edition“, наменет за  лесно преработувачката индустрија (преработка на метал, гума, пластика, електро-електронска индустрија) во земјава.

– Со ветото на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, Бугарија ја користи својата позиција како членка на ЕУ за да постигне некои нејзини надворешно-политички интереси, на ист начин како што тоа го правеа многу други претходно, но проблемот е во тоа што Унијата како да нема желба и начин да ги обесхрабри ваквите еднострани постапки, оценува соработникот на Меѓународниот институт за безбедност од Белград, Орхан Драгаш за „Еурактив“.

– Пов– Околу 50 албански државјани, поголемиот број сезонски работници, со два автобуси биле вратени во Албанија, откако при влезот во Грција, иако имале потврди за негативен тест, брзите тестовите направени на граничниот премин покажале позитивен резултат, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.ремено зголемување на облачноста и умерен северен  ветер, кој долж Повардарите ќе биде засилен, најавуваат метеоролозите за утре во земјава.

 Францускиот министер за образование и спорт, Жан-Мишел Бланкер, ја критикуваше алчноста и нереализмот на професионалниот фудбал во земјата, а во врска со аферата „Медијапро“.

– Владата на Гватемала соопшти дека по масовните протести во врска со нацрт-буџетот за 2021 година, побарала помош од Организацијата на американските држави (ОАС) за да почне внатрешен политички дијалог со „различните политички сили во земјата“.

– Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, изјави дека САД  „во релативно брз период“ веќе следната година може да постигнат имунитет на стадо доколку доволен број Американци се вакцинираат против коронавирус.

– Јапонското обвинителство започна истрага во врска со обвинувањата дека поранешниот премиер Шинѕо Абе незаконски ги субвенционирал трошоците за присуство на вечера за своите приврзаници во 2018 година, пренесува Кјодо.

 Ливерпул го совлада Лестер (3:0) во мечот од Премиер лигата одигран синоќа на свој терен. „Црвените“ поставија нов клупски рекорд со продолжување на низата без пораз на домашен терен на 64 натпревари.

 – Кошаркарот на Јута, Донован Мичел се согласи со клубот да потпише максимално продолжување на договорот. Новата соработка ќе трае 5 години и ќе чини 195 милиони долари, објави „USA Today Sports“.

Back to top button
Close
Close