МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

23 ноември 2020

23 ноември 2020

– Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК денеска ќе одржи седница на која ќе биде разгледан планот на Министерството за здравство, кои објекти треба да се обезбедуваат.

– Министерството за здравство и трите најголеми приватни болници, „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“, синоќа се договорија да соработуваат во борбата против КОВИД-19. До крајот на неделава старата гинеколошка болница на „Систина“, поранешна „Мала богородица“, ќе биде пренаменета во инфективно одделение каде ќе може да се лекуваат 100 пациенти. Лекувањето ќе биде бесплатно, на трошок на државата, а за пациентите ќе се грижи лекарски тим од „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“.

– Стопанската комора на Македонија денеска на прес-конференција ќе соопшти итни мерки за пост КОВИД развој на агро секторот.

– Во Скопје денеска ќе се одржи Македонскиот енергетски форум (МЕФ) 2020. Го организираат Владата, Амбасадата на САД и ЗИП Институтот.

– Учество на најдобрите светски и домашни експерти, како и награден фонд од 100.000 денари, најавуваат организаторите на Skopje Photo Week” (Скопје Фото Недела) – (SPW2020).

– Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска ќе се појави пред суд под обвинение за корупција и злоупотреба на влијание.

– Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе жалба против пресудата на Федералниот суд, со која се одбива неговото барање за поништување на победата на демократскиот кандидат Џо Бајден на изборите во сојузната држава Пенсилванија, пренесуваат британските медиуми.

– Откако ја призна вината, продемократскиот активист, Џошуа Вонг, кој беше организатор на минатогодишниот нелегален митинг во близина на полициска станица во Хонг Конг, е вратен во полициски  притвор.

– Сирискиот претседател Башар ал-Асад го назначи поранешниот заменик-министер за надворешни работи, Фајсал Мекдад, за нов министер за надворешни работи, откако досегашниот шеф на дипломатијата Валид ал-Моалам почина минатата недела.

 Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ постигна два гола на синоќешниот натпревар од 8. коло во Серија А против Наполи.

– Кралот на Тајланд, Маха Вачиралонгкорн може да биде протеран од Германија доколку продолжи да издава укази од неговата вила во Баварија, соопшти Бундестагот, а пренесе Дојче веле.

 Рускиот тенисер Данил Медведев го победи Австриецот Доминик Тим во финалето на АТП завршниот турнир во Лондон.

 – Ливерпул синоќа на домашен терен го победи Лестер со 3:0 во 9. коло од Англискиот фудбалски шампионат. Головите ги постигнаа Џони Еванс (автогол), Диого Жота, Роберто Фирмино.

 Милан го победи Наполи со 3:1 во дерби-натпреварот од 8. коло на Италијанскиот фудбалски шампионат.

– Најниска температура во државата изутринава е измерена во Берово, -7 степени, -5 се регистрирани во Струмица, а -4 во Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Демир Капија и Куманово. Три степени под нулата се измерени во Штип,  -2 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Прилеп, Гевгелија и Лазарополе, -1  во Маврово, 0 Виница и Крушево, а  2 во Охрид, Претор и во Дојран, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Утрово времето е сончево, во Охридско-Преспанскиот регион преовладува малку до умерено облачно време. Во Демиркаписко има појава на слаба магла.УХМР за денеска најавува сончево време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, претежно сончево со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 11 степени.

Back to top button
Close
Close