МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

20 ноември 2020

20 ноември 2020

– Министерката за образование и наука Мила Царовска по повод Меѓународниот ден на децата, одговараше на прашања на владиниот онлајн состанок којшто го презедоа и водеа учениците и младите.

– Република Словенија е исклучително важен партнер на нашата земја, обезбеди значајна поддршка за апроксимација на македонското законодавство кон европското во областа на земјоделството и руралниот развој, како и за јакнење на административниот капацитет на МЗШВ, Платежната агенција, Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството и локалните власти, рече министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа на денешната средба со словенечкиот амбасадор, Милан Предан.

– Просечната нето-плата во септември годинава изнесува 27.405 денари и е за 7,7 отсто повисока во однос на минатогодишниот септември, додека просечната бруто исплатена плата изнесува 40.913 денари и е повисока за 8,2 отсто.

Наша задача е да бидеме оптимисти и да работиме за подобра иднина, а напорите што ги правиме како Влада ги темелиме на плебисцитарната желба на граѓаните и се додека постои таква консензуална желба на граѓаните за европска унија, нема преча која што може да не застане на тој пат, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со актуелниот политички момент и амбиент околу евроинтеграциите на Република Северна Македонија.

– Собранието денеска во рамки на 21 седница донесе повеќе предлог-одлуки за објавување јавни огласи со кои ќе се именуваат членови во одделни комисии, во Државната комисија за жалби по јавни набавки, во Комисијата за заштита на конкуренцијата, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации.

– Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 826 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, слободни места има, информираат од Министерството за здравство.

– Во моментов се чини дека не е реална цел да започне олабавувањето или да вратиме дел од економијата во нормала од 1 декември, вели портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас во интервјуто за телевизијата ЕРТ, во однос на тоа дали карантинот ќе заврши на 30 ноември, а ден потоа, земјата да почне да се враќа во нормала, јави дописничката на МИА од Атина.

– Австрија, по истекот на мерката за „заклучување“, како што најави канцеларот Себастијан Курц, ќе спроведе масовно тестирање на населението за коронавирусот.

– Најмалку 37 лица загинаа за време на протестите во Уганда по апсењето на опозицискиот политичар и музичар Боби Вејн, соопшти денеска полицијата.

Селекторот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека оваа сезона тешко дека некоја екипа ќе успеа да освои 100 бода, па дури и 87 според него се тешки достижни.

 

Back to top button
Close
Close