МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

20 ноември 2020

20 ноември 2020

– Петмината кандидати за градоначалник на Општина Штип денеска го потпишаа кодексот за фер и демократски избори. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева посочи дека сите кандидатите го потпишаа кодексот, согласно здравствените протоколи.

– Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска, денеска во Вила Водно, примија претставници и волонтери од здружението „САНО“, добитници на наградата „13 Ноември“ од областа на хуманитарната активност.

Околу 63 проценти од децата слушнале за Конвенцијата на правата на децата во училиште, од интернет, од дома, од телевизија, од невладини организации, додека над 90 проценти  мислат дека и возрасните треба повеќе да се едуцираат и да знаат за правата на децата. Ова беше истакнато на денешната презентација на Детскиот алтернативен извештај за состојбата на правата со децата во нашата земја, во организација на Првата детска амбасада „Меѓаши“.

– Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан упати телеграма со сочувство до Светиот архијерејски синод на Српската православна црква, по повод упокојувањето на српскиот патријарх Иринеј.

– Агенцијата за промоција и подршка на туризмот (АППТ) бара од Комисијата за заразни болести и од Министерството за здравство да донесе посебни протоколи кои ќе овозможат отворање на домашните ски – центри, а во понеделник, на состанок на Координативното тело, се очекува сите комори, здруженија и асоцијации да дадат дополнителни предлози за ублажување на корона-ударот. Предлог-мерки, среднорочни и долгорочни, ќе изнесат и АППТ, како и Министерството за економија.

– Албанската полиција станува ново жариште на Ковид-19, во чии редови само во последните 24 часа се заразени 16 полициски службеници, јави Ора њуз телевизија.

– Околу 1.400 лица кои ги напуштија своите домови во Нагорно Карабах се вратија дома откако поминаа извесно време во Ерменија и ги чуваат руски мировници, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

– Фајзер денеска побара од регулаторното тело на САД да одобри итна употреба на нивната вакцина за коронавирус, што може да се случи на почетокот на декември и да означи почеток на крајот на пандемијата, објави АП.

Здравствената комисија на Кошаркарската федерација на Северна Македонија ги реализираше планираните тестирања за коронавирусот, кои беа неопходни за „влез“ во периодот на подготовките за настап на македонскиот национален тим на квалификацискиот турнир во Талин.

 

Back to top button
Close
Close