МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

20 ноември 2020

20 ноември 2020

– Денот кога Бугарија стави вето за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија не беше добар, ниту за Европа, ниту за европската перспектива на нашиот регион, а особено не за нас, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за виенскиот весник „Стандард“.

– Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, Туристичко-угостителската комора на Македонија во рамки на Сoјузот на стопански комори (ССК) и Националната асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ) го реафирмираат барањето за итна смена на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски.

 – Во знак на одбележување на Светскиот ден на детето денеска Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде осветлен во сина боја како симболичен гест на нивната заложба за унапредување на правата на децата.

 – Светот мора да биде обединет во подигнувањето на свеста  за детските права. Само преку заедничка и координирана акција ќе создадеме услови за безгрижно детство, за развој и квалитетно образование, со еден збор услови за воспитување на идните градители на светот. Ова го истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во своето обраќање по повод Светскиот ден на детето – 20 Ноември.

– Стефан Темелковски, менаџер во денталната поликлиника „Дента Ес“ е победник на натпреварот за социјални медиуми во земјава кој беше организиран од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со поддршка на Академијата „Да се знае како“ (Know how Academy). 

– Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) почнува со имплементирање долгорочна стратегија за инвестирање во претприемачите и македонскиот стартап сектор преку споделување знаење и научени лекции од светски експерти.

– Министерот за здравство Венко Филипче вчера, по 10-тата седница на Советот за безбедност истакна дека сега е најтешкиот период во справувањето со коронавирусот, а здравствените работници се под огромен притисок, но не се откажуваат.

– Сојузот на здруженија на дијабетичари во Северна Македонија укажува на потребата од непречено функционирање на сите центри за дијабетес.Здружението бара од Министерството за здравство да создаде можност сите лекари и дијабетолошки сестри да имаат редовни закажани термини во центрите за дијабетес, бидејќи како што наведува во соопштение, сите овие пациенти имаат потреба од редовни прегледи и контроли.

– Со оглед на клучното значење на капацитетот на Народната банка на Република Северна Македонија да презема навремени супервизорски активности за да ја обезбеди стабилноста на финансискиот систем, од суштинска важност е да се зачува нејзината независност. Ова ќе ѝ овозможи на централната банка и понатаму да ги остварува своите задачи за одржување на ценовната стабилност и за заштита на финансиската стабилност, коишто се круцијални предуслови за одржлив раст.

– Владата објави Повик до сите јавни институции, приватни компании и граѓански организации во земјата заинтересирани да бидат акредитирани за директен пристап до и спроведување на проекти финансирани од Зелениот климатски фонд (ЗКФ) со цел реализирање на националните приоритети за климатска акција.

Без вода денеска од 9:00 часот се корисниците од улицата „Карл Хрон“ бр.4а во Маџари . Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевka Ф-1“на улицата „Карл Хрон“ бр. 4а. Без вода денеска од 9:00 часот се корисниците од корисниците на дел од населба Припор (1 зона). Прекинот е поради уличен дефект Ф-100мм на улицата „Христо Татарчев“ бр.142.Без вода денеска од 9:00 часот се корисниците од улицата 1 во селото Батинци (пат за Марков манастир). Прекинот е поради уличен дефект Ф-100мм на улицата 1 во Батинци. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

– Од денеска до 27 ноември, под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“, се одржува Европската недела на тестирање за ХИВ, кон која веќе седма година по ред се приклучува и здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, заедно со неколку стотини организации од 53 европски земји. Целта на одбележувањето на оваа недела е да се зголемат пристапот и свесноста за важноста од тестирањето за ХИВ, објаснуваат од ХЕРА.

– Поради лошата епидемиолошка слика во Солун и исполнетите државни болници, Министерството за здравство на Грција, принудно презема две приватни клиники и ги става комплетно во функција на државата, врз основа на соодветниот закон изгласан од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

– Американските трупи нема да бидат повлечени од Косово, иако Пентагон го започна планираното повлекување на американските трупи од Ирак и Авганистан.

 Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин испратил известувањето за распуштање на Колективот против исламофобија во Франција (ЦЦИФ), што го обвини по атентатот на Самуел Пети дека „шири исламизам кој работи против Република “. Со твит министерот за внатрешни работи појасни дека претставниците на здружението имаат „сега осум дена да дадат свои забелешки“ на оваа одлука, јави дописникот на МИА.

– Микроорганизмите се сè поотпорни на лекови и проблемот може да стане извор на нова пандемија, со сериозни импликации врз здравјето на луѓето, земјоделско-прехранбените системи и економијата, предупреди Агенцијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

– Азербејџан соопшти дека нивни трупи влегле во погранична област со Нагорно Карабах, што беше предадена од ерменските сепаратисти по речиси 30 години, како дел од мировниот договор со посредство на Русија.

 Кошаркарот на Бостон селтикс, Гордон Хејворд ќе стане слободен агент. Како што објави инсајдерот на „Њујорк тајмс“, Марк Штајн, тој ја искористи опцијата за раскинување на договорот во последната сезона. Хејворд би можел да заработи 34,2 милиони долари.

Back to top button
Close
Close