МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

30 октомври 2020

30 октомври 2020

– Стапката на сиромашни лица во Република Северна Македонија во 2019 година изнесуваше 21,9 отсто, информира Државниот завод за статистика.

– Грција продолжува да биде активен лобист и поддржувач на европската перспектива на Северна Македонија. Земјава се наоѓа пред една нова значајна фаза во напредокот во интеграцијата во Европската Унија, која до крајот на оваа година се очекува да биде заокружена со одржувањето на Меѓувладината конференција и формалното започнување на пристапните преговори со ЕУ. Ова беше истакнато на денешната средба меѓу шефот на дипломатијата Бујар Османи со грчкиот амбасадор во земјава Димитрис Јанакакис.

– Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан упати телеграма со сочувство до архиепископот пеќски, митрополит белградско-карловачки и патријарх српски, г. г. Иринеј по повод упокојувањето на високопреосветениот архиепископ цетињски и митрополит црногорско-приморски, Амфилохиј.

– Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски, осуден во предметот „Рекет“, со што решението на првостепениот Суд се преиначува на начин што се укинува мерката притвор и се определува куќен притвор, информираат денеска од Основниот кривичен суд во Скопје.

– Во земјотресот со јачина од 6,6 степени што се случи во отворени води во Егејско Море, кај местото Сеферхисар во Измир, загинаа четири, а повредени се 120 лица, јави агенцијата Анадолија.

– Албанскиот претседател Илир Мета, отфрлањето на неговата уредба за повторно разгледување на Изборниот законик на вчерашната седница на парламентот, го смета за чекор кон блокирање на европската интеграција.

– Претседателските избори во САД се благодет за обложувалниците, и тоа на светско ниво. Околу една милијарда евра се веќе вложени за победникот, а тоа се засилува пред денот на изборите.

Back to top button
Close
Close