МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

30 октомври 2020

30 октомври 2020

 Во првите девет месеци од годинава 332 претставки од страна на граѓаните биле доставени до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Во првото тромесечје имало 165 претставки, во второто – 79, а во третиот квартал – 88. Бројот на претставки годинава е помал од оној лани кога во истиот период во АЕК пристигнале 464 претставки.

– Според последната статистика, 60 ученици и 160 наставници на ниво на држава кои се со физичко присуство во училиштата се активни на Ковид-19, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска, додавајќи дека се додека не се создадат услови за затворање на училиштата, би останал овој модел на настава.

– Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ) бара финансиската поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември, декември 2020 година, да важи за сите компании без разлика дали го задржале или го намалиле бројот на вработени во период пред денот на донесување на овој закон.

Се надевам дека следната недела ќе се обезбеди формат да седнеме и да разговараме со министерката Екатерина Захариева, бидејќи навистина се ближат деновите кога треба Советот на ЕУ да донесе одлука, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има средба со неговата бугарска колешка.

– Младите клуѓе кои знаат што сакаат и имаат идеи мора да бидат дел од дебатата за иднината на Европа и за иднината на С. Македонија.

– Албанија оди кон второ затворање. И покрај мерките за заштита и обврската за задолжително носење заштитна маска и на отворен простор, воведена на 15 овој месец, инфекцијата и смртноста од Ковид-19 во земјата не се намалува, пренесува Ора њуз телевизија.

– Министерката за финансии на Косово Хикмете Бајрами информира дека нејзиното Министерство води интензивни преговори со Светска банка за вклучување во проект за набавка и финансирање на вакцината за Ковид-19 кога таа ќе се појави, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Претседателските избори во САД се благодет за обложувалниците, и тоа на светско ниво. Околу една милијарда евра се веќе вложени за победникот, а тоа се засилува пред денот на изборите.

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд е прогласен за играч на неделата во Лигата на шампионите на УЕФА.

Back to top button
Close
Close