МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

30 октомври 2020

30 октомври 2020

– Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Трисомија 21-Скопје“ со студентите од Филозофскиот факултет при УКИМ неделава на настанот насловен Игри без граници“ испратија порака дека лицата со Даунов синдром треба да бидат прифатени како рамноправни членови во општеството.

– Министерот за локална самоуправа Горан Милевски во Република Албанија имаше состанок со Зеф Мази, шеф на преговарачкиот тим за интегрирање во ЕУ и национален ИПА координатор, како и со заменикот министер за Европа и надворешни работи, Сокол Дедја.

 – Вкупно 528 санкции се изречени во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, што ги спроведува МВР.

– Полицијата во изминатото деноноќие во државава изрекла 928 санкции за неносење маска.

– Ја цениме принципиелната позиција на Литванија за поддршка на европскиот пат на Северна Македонија, а особено сме благодарни што го препознавате нашиот напор, со добра волја и низ дијалог да ги надминуваме сите отворени прашања до затворањето на преговарачката рамка и до одржувањето на првата Меѓувладина конференција.

– Индустриското производство во септември годинава, во однос на септември 2019 година бележи пад од 3,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.

– Регионите на Солун, Лариса и Родопи во северниот дел на Грција од рано утрово се во црвената (и највисока) фаза според степенот на опасноста за ширење на коронавирусот и влегуваат во мини карантин, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе соопшти нови рестриктивни мерки за спречување на дополнително ширење на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

– Вкупно 66 бегалци, меѓу кои 18 деца без придружба, од Грција заминаа во Германија во рамки на програмата за релокација на признати бегалци во земји од Европската унија, јави дописничката на МИА од Атина.

– Руската полиција застрела 16-годишно момче во Татарстан, каде живее главно муслиманско население, откако со нож нападнало полицаец и се обидело да ја запали локалната полициска станица.

– Унгарскиот премиер Виктор Орбан коментирајќи го вчерашниот  терористички напад во Ница, изјави дека Африканците треба да имаат иднина во Африка.

 Заменикот министер за надворешни работи на Русија, Олег Сиромолотов изјави дека Русија во повеќе наврати ја предупредувала Франција за опасноста од терористи кои мигрирале од Северен Кавказ во Франција, додека француските власти ги сметале за „борци за слобода“.

 – Кандидатката за потпретседател на САД од Демократската партија, Камала Харис,  почесто е мета на дезинформации од Џо Бајден, кандидат за претседател на САД од истата партија, или останати политичари мажи.

– Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги може да ги смени клупските бои во јануари, објави „LiverpoolEcho“.

Back to top button
Close
Close