МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

30 октомври 2020

30 октомври 2020

– Македонските граѓаните во банките во земјава чуваат 418,644 милиони денари. Поголемиот дел од депозитите се на физички лица, а помал на корпоративниот сектор.

– Нови 862 случаи на заразени со Ковид-19 беа регистрирани вчера кога и официјално стапија во сила новите мерки кои вклучуваат носење маска и на отворено, забрана за групирање на отворен простор, како и задолжителна самоизолација во период на тестирање.

– По повод Денот на ослободувањето на Скопје, Дирекцијата за култура и уметност по трет пат годинава, ќе ја реализира мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“ која ќе се одржи под покровителство на Град Скопје, а со поддршка од Канцеларијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

– Ребалансот на Буџетот за 2020 година, кој е втор годинава, поради корона-кризата, веќе е на пленарна седница од вчера. Неговото носење ја чека реализацијата на мерките од четвртиот пакет, кој значи поддршка за граѓаните и стопанството, а дополнително со амандманска интервенција е обезбедена и финансиска поддршка за децата без родители.

– Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе има средба со претставници на младите од различни институции и организации во Република Северна Македонија.

 Во рамки на Деновите на медиумска писменост, во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС) денеска ќе се одржи дискусија на тема „Дали ни е потребна медиумска диета?“.

  „Вториот пчеларски саем на Македонија“ ќе се одржи од денеска до недела на централниот плоштад во Скопје.
 Во организација на Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис денеска ќе се одржи онлајн настан „Дијалози за Дигиталната агенда“.
– Францускиот институт во Скопје во соработка со Правниот факултет во Битола, АЛДА Скопје и Програмата за мир на регионот Нормандија денеска организира еднодневна онлајн научна конференција на тема „Фронтот во Првата светска војна: Историја, сеќавање и книжевност“.
 – Земјотрес со интензитет о4,4 степени според Рихтеровата скала синоќа пред полноќ е регистриран во Романија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
– Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека БиХ нема да се откаже од покренување тужба против Хрватска, доколку Загреб не се откаже од намерата за отстранување на нуклеарен отпад на Трговска гора, покрај босанската граница.
– Претседателката на Европска комисија Урсула фон дер Лајан синоќа изјави дека сите земји-членки на Европска Унија ќе добијат вакцини против Ковид-19 во исто време и под исти услови во согласност со бројот на жители.
– Според новите мерки за карантин, кои од денеска стапуваат во сила и ќе траат до 1 декември, границите на Франција ќе бидат затворени за сите земји кои не се членки на ЕУ.
 – Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро најавите на поголем број јужноамерикански држави да ги заострат мерки со цел го спречат вториот бран на Ковид-19 ги оцени како „луди“.
– Инстаграм вчера вовоеде промени на својата платформа за американските корисници со цел да се спречи ширење на лажни вести за време на претседателските избори на 3 ноември.
 Голманот на Тотенхем Хуго Лорис синоќа против Антверпен во 2. коло од Лигата на Европа го одигра својот 100. натпревар во европските фудбалски купови.
 Голманот Марк-Андре тер Штеген одржа тренинг со главниот тим на Барселона, се наведува на официјалната веб-страница на клубот.

 – Времето претпладне ќе биде променливо облачно, во северните делови со слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Во текот на денот облачноста ќе се намалува.

Back to top button
Close
Close