МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

29 октомври 2020

29 октомври 2020

Нема некоја значајна компликација на здравствената состојба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој со Ковид-19 е хоспитализиран на Инфективната клиника.

– До денеска се исплатени вкупно 3,2 милјарди денари за обештетување на депонентите од „Еуростандард банка“ која е во стечај.

– Очекувам дека до крајот на годинава ќе има прва меѓувладина конференција. Очекувам исто така билатералните прашања да се решат во билатерален формат. Ако не започнат преговорите, особено со вакво силно германско претседателство, сите ќе бидат губитници.

– Постои постојана борба со сите лажни информации. Но во оваа борба никој не треба да биде сам, ниту Владата, ниту невладините организации, ниту медиумите, ниту другите институции во општеството. Потребни се комбинирани напори и соработка меѓу разни чинители. Медиумската писменост е многу важна, а со појавата на интернет и социјални мержи, станува уште поважна.

– Турција најостро го осуди нападот што се случи денеска во црквата Нотр Дам во францускиот град Ница.

– Во Русија денеска се потврдени рекордни 17.700 новозаразени со коронавирус. Од последици на вирусот починале уште 366 лица, што е најголем број дневно од почетокот на пандемијата.

– Ерменските власти денеска соопштија дека азербејџанските безбедносни сили извршија воздушен напад врз градот Мартакерт, северно Нагорно-Карабах.

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац денес го објави списокот со повикани ракометари за собир за претстојните натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија.

Back to top button
Close
Close