МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

29 октомври 2020

29 октомври 2020

– Министерството за образование и наука соопшти дека формираше работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на наставните и дидактичките материјали за основно и за средно образование.

–  Поради технички зафат во дистрибутивна електро  мрежа без електрична енергија  утре ќе бидат повеќе делови на Скопје, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

 – Носењето лична заштита на лицето станува задолжително за граѓаните со новите измени на Законот за заштита на населението од заразни болест, што синоќа ги усвои Собраните. Оваа мерка ќе важи за движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично, соопшти Министерството за здравство.

 Регистрирани се 879 прекршоци по однос на мерката за носење лична заштита на лице, во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија.

 – Фокусот на Администрацијата на Трамп на решавање економски прашања на Балканот и замижувањето кон политичките, придонесе за влошување на односите меѓу некои земји уште од времето на војните пред две децении, објави синоќа Форин полиси. 

– ЈП Водовод и канализација-Скопје известува дека денеска поради уличен дефект ф-300 мм на „Киро Фетак“ 1/11, без вода ќе бидат дел корисниците на улиците „Киро Фетак“, „Малешевска“, „Славка Динкова“, „Коперникова“ и „Румена Хаџипанзова“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 до завршување со активностите.

 – Во рамки на засилените акциски контроли на полицијата вчера во Скопје се санкционирани 287 возачи.

– Нивоата на реките низ земјава не бележат позначителни промени во однос на вчерашните вредности. Како што покажуваат денешните хидролошки мерења, и натаму нивото на Вардар кај Јегуновце е драстично намалено во однос на просекот за октомври.

– Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 38-годишен скопјанец за две разбојништва со нож во аптеки на 10 и 16 септември годинава во Скопје.

– Коалицијата на „патриотите“ и голем дел од бугарското население живеат во романтичарско-патриотските митови од 19-от век, а тие митови не секогаш одговараат на фактите и на модерната перспектива, смета професорот по Историја на модерната култура на Универзитетот во Софија и директор на универзитетскиот Културен центар, Александар Ќосев.

– Поради лошата епидемиолошка слика грчките градови Јанина и Серес од денеска се во црвената фаза (зголемена опасност) односно во мини карантин, а по вчерашните рекордни 1.547 случаи на Ковид-19 во Грција, постои загриженост и не е исклучена можноста за дополнителни рестрикции, пред сѐ во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

– Шефот на кипарската дипломатија Никос Христодулидис, од вчера попладне се наоѓа во самоизолација откако бил откриен случај на Ковид-19 во неговото блиско професионално опкружување, јави дописничката на МИА од Атина.

– Министерката за инфраструктура и енергетика на Албанија, Белинда Балуку е позитивна на Ковид-19.

– Вооружено лице со нож убие еден човек и повреди неколку други во близина на црквата Нотр-Дам во Ница, пред да биде уапсен, јави дописникот на МИА.

– Остатоци од 59 човечки тела се откриени во масовни гробници во мексиканската држава Гуанахуато, каде е регистрирана висока стапка на убиства по војната меѓу нарко-бандите.

 Најголем дел од кошаркарите, вклучително и „суперѕвездите“ на лигата, се за почеток на новата сезона во НБА на 18 јануари, објави „Јаху Спорт“.

Back to top button
Close
Close