МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

29 октомври 2020

29 октомври 2020

– Евроамбасадорот Дејвид Гир, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Петре Шилегов, денеска официјално ќе го означат почетокот на повикот за предлог-проекти „ЕУ за општините“ вреден 5 милиони евра, кој има за цел да ги зајакне единиците на локалната самоуправа преку три приоритети на ЕУ: солидарност, соработка и „зелен„ пристап.

– „Предизвиците во третманот и лекувањето на ракот на дојка за време на КОВИД 19″ е темата на 13. национална конференција за рак на дојка што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Здружението за борба против рак “БОРКА – За секој нов ден“, кое и оваа година го одбележува Светскиот месец за борба против ракот на дојка.

– Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ќе престојува во официјална посета на Косово.

 Kонференција „Градење мостови за заедничка иднина: Западен Балкан на патот кон Европската Унија“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на фондацијата Конрад Аденауер, Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел и Институтот за општествени истражувања – МК 91.

– Во рамки на Деновите на медиумска писменост, Радио МОФ денеска преку видео платформата Зум ќе одржи интерактивно предавање на тема „Како да препознаеме лаги за Ковид-19 на Интернет?“.

– Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, кој содржи амандмани од комисиската расправа, од денеска е на пленарна седница. Според предложениот дневен ред е прва точка на закажаната за денеска 20.седница.

– Советот за безбедност на Република Северна Македонија денеска во претседателската „Вила Водно“ ќе одржи седница за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19.

– Германија повторно потенцира дека цел на германското претседателство со ЕУ е одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија до крајот на годинава и оти тоа е во интерес на сите вклучени страни. Бугарија пак, нема да ги промени позициите од Меморандумот донесен во нивниот Парламент и смета оти Преговарачката рамка, во формата во која е сега, не е прифатлива за Софија. За македонската страна, Договорот за добрососедство со Бугарија е рамката за решавање на сите недоразбирања меѓу двете земји, оти тој документ е наша најголема заштита од неразумни натамошни барања и притисоци.

– Пред денешната собраниска седница, чија прва точка на дневен ред е ребалансот на Буџетот, во Собранието е закажано одржување на заседанија на четири комисии.

– Во текот на изминатата недела, од 22 до 28 октомври, со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 239 возила од јавните површини, соопшти денеска Град Скопје.

– Резултатите од истражувањето во Финска со кучиња кои можат да намирисаат заболен од новиот коронавирус, покажуваат дека кучињата дошле до речиси идентични резултати како од ПЦР тестовите.

– Министерот за внатрешни работи на Белорусија, Јури Карајев синоќа изјави дека власта нема да се двоуми да употреби боева муниција против демонстрантите, ако биде неопходно за да се задушат протестите поради реизборот на Александар Лукашенко.

– Властите во Филаделфија од синоќа воведоа полициски час, со цел да се спречат кражбите и насилството за време на протестите, кои избија откако полицијата уби еден Афроамериканец.

– Едно лице е повредено, а повеќе од 80.000 луѓе во Њу Орлеанс, кој број 400.000 жители, останаа без електрична енергија откако ураганот го погоди американскиот град.

 Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд постигна хет-трик на синоќешниот натпревар од 2. коло на групната фаза од Лигата на шампионите против Лајпциг (5:0).

 – Тренерот на Барселона, Роналд Куман беше задоволен од учинокот на неговиот тим на натпреварот од 2. коло на Лигата на шампионите против Јувентус (2:0).

Back to top button
Close
Close