МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

28 октомври 2020

28 октомври 2020

– Во рамки на Програмата за Парламентарна поддршка на Собранието на Република Северна Македонија финансиски поддржана од страна на Швајцарката Конфедерација, склучен е договор за јавна набавка на мрежна опрема – хардвер и софтвер.

– Комитетот за земјоделство, безбедност на храна, ветеринарство и фитосанитарна политика е во целосна функција за креирање на системски решенија за примена на позитивни европски практики, кои ќе придонесат за предвидлив и поволен деловен амбиент за одржливо и продуктивно земјоделство, порача премиерот Зоран Заев на денешната конститутивна седница на ова владино тело со кое тој претседава.

– Портпаролот на Владата Душко Арсовски денеска на прес-конференција соопшти дека се уште немаат информација од Институтот за јавно здравје и од Центарот за јавно колку и дали некој од контактите на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој е позитивен на Ковид-19, добиле решение за домашна изолација. Најави дека ќе информираат во текот на денот доколку добијат некои информации.  

– Владата на вчерашната 16. седница ја разледа информацијата за имплементацијата на Рамковниот договор за јавна набавка на лекот ремдесивир прифатен во терапијата за Ковид-19 со постапка за набавка преку Договорот за заеднички набавки склучен со ЕК и обезбедување на финасиски средства. Владата донесе заклучок да го задолжи министерот за здравство да го потпише и имплементира посебниот договор за јавна набавка на овој лек, согласно обврските преземени од Рамковниот договор, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Душко Арсовски.

– Косовскиот премиер Авдулах Хоти на неговиот претходник на чело на Владата, лидерот на партијата Движење самопределување (ВВ) Албин Курти му посака брзо оздравување од Ковид-19, откако опозицискиот лидер утрово објави дека бил позитивен на тестот за коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Судот во Барселона денеска објави дека полицијата истражува неколку лица поврзани со движењето на каталонските сепаратисти, поради сомневање дека извршиле корупција и промовирале јавни немири.

– Владата на нигериската држава Лагос побара денеска од војската да интервенира, со цел да воспостави ред на протестите кои се одржуваат против полициската бруталност, но војниците одбиле да употребат оружје врз цивилите, соопшти нигериската армија.

Атлетската федерација на Македонија најави поднесување кривични пријави за злоупотреба на службена положба и фалсикување од страна на претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски и генералниот секретар Сашо Поповски.

 

Back to top button
Close
Close