МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

27 октомври 2020

27 октомври 2020

– Според извештајот на Институтот за јавно здравје, за период од 19 до 25 октомври, тестирани биле вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Забележано е зголемување од 5,9 проценти во однос на минатата недела, информираа денеска од Министерството за здравство.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на министерскиот состанок „Интеграција на Ромите“ во Тирана, Република Албанија. Таа преку видеообраќање ги пренесе главните пораки поврзани со темата на министерскиот состанок.

По повод одбележувањето на осумгодишнината од ЛГБТИ Центарот за поддршка, денеска во социјалниот простор „Комитет“, се одржа средба помеѓу евроамбасадорот Дејвид Гир и активисти што се борат за правата на ЛГБТИ+ заедницата во земјата, обединети во Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија (НМХТ).

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска имаше видео средба со министерот за надворешни работи на Република Естонија, Урмас Реинсалу, која е дел од дипломатските активности на министерот Османи во пресрет на претстојните европски самити на Европската Унија кога се очекуваат клучните одлуки за финализација на преговарачката рамка и одржувањето на првата Меѓувладина конференција до крајот на годинава како официјален старт на преговорите.

– Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, го нарече премиерот Еди Рама непријател на Албанците.

– Според официјалните податоци, во Србија во последните 24 часа се регистрирани 1.053 нови случаи на заразени со коронавирусот. Од Ковид-19 починале пет лица, со што вкупниот број на жртви се зголеми на 798, објави Министерството за здравство на веб-страницата covid19. rs.

Шведска, чија „порелаксирана“ стратегија за борба против Ковид-19 привлече големо внимание, на 23 октомври регистрираше 1.870 нови случаи на коронавирус, најмногу од почетокот на пандемијата, покажа денешната статистика на здравствената агенција.

– Последните податоци на Европскиот центар за спречување на болести покажуваат дека Белгија е сега на прво места по стапка на заразени во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Секоја година 229.000 тони пластика стигнуваат до Средоземното море, што е еднакво на повеќе од 500 бродски контејнери секој ден, објавено е во најновата студија на шпанската Меѓународна унија за зачувување на природата (ИУЦН).

– Најмалку осум ученици загинаа, а 136 се повредени при експлозијата на бомба што се случи денеска во исламско верско училиште во Пешавар, северозападен Пакистан.

Туристичките патувања во светот се намалија за 70 отсто во првите осум месеци од оваа година во споредба со истиот период во 2019 година. Загубите достигнаа 730 милијарди долари, соопшти Светската организација за туризам (СТООН).

 

Back to top button
Close
Close