МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

27 октомври 2020

27 октомври 2020

– Главната расправа за предметот „ТНТ“ закажана за утре, се одлага за 4 ноември поради издадено решение за домашна изолација на еден од обвинетите во овој случај, информира денеска Основниот кривичен суд – Скопје.

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска преку видео-конференциска врска ја оствари првата официјална средба со еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, на која дискутирале за евроинтеграциите на Северна Македонија и реформите во областа на владеењето на правото и правосудството.

– Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, Рина Ајдари за ИЕ6 од ДУИ, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, и двајцата во ИЕ2 од Коалицијата „Можеме“.

Во тек е епидемиолошка анкета за контактите кои министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ги имал деновиве. По ова ќе се знае точно кој ќе добие решение за домашна изолација. Доколку здравствените, стручни институции утврдат дека некој претставник на СДСМ треба да биде во изолација,  јавноста ќе биде информирана за тоа. Претседателот на Владата, Зоран Заев немал директни контакти со министерот, надвор од здравствените протоколи за лична заштита, но ќе направи тест на коронавирус, информираат за МИА од Канцеларија на портпаролот на Владата на Република Северна Македонија.

– Според извештајот на Институтот за јавно здравје, за период од 19 до 25 октомври, тестирани биле вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Забележано е зголемување од 5,9 проценти во однос на минатата недела, информираа денеска од Министерството за здравство.

– Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска поднесе кривична пријава до турските власти против истакнатиот холандски екстремно десничарски лидер Герт Вилдерс затоа што, како што рече, го навредувал на социјалните мрежи, пренесува турската државна агенција Анадолија.

– Последниот извештај на Заедничкиот истражувачки центар (ЗИЦ) на Европската Комисија (ЕК) покажува дека демократските столбови на ЕУ се „под притисок“ на влијанието на социјалните мрежи врз политичките ставови и однесувања, јавува дописничката на МИА од Брисел.

– Ерменскиот обединет Инфоцентар објави дека Азербајџан денеска ги гранатирал јужните гранични премини на Ерменија со Иран.

Back to top button
Close
Close