МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

27 октомври 2020

27 октомври 2020

 Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Агенцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Србија потпишаа Меморандум за соработка, кој како што информираат, претставува правна основа за понатамошно заедничко дејствување во повеќе сегменти од областа на безбедноста на патниот сообраќај.

– Влијанието на зравствената криза врз економската активност во третиот квартал е поумерено, покажуваат податоците со кои располага Народната банка, кои упатуваат и на постепено закрепнување на економијата.

Министерството за образование и наука информира дека наставата продолжува да се одвива непречено, следејќи ја веќе утврдената динамика и организација. Помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта се заразени со КОВИД-19 и согласно со овие податоци, наведува МОН, може да се заклучи дека протоколите се ефикасни во намалување на ризиците за ширење на вирусот.

– Министрите за надворешни работи на Грција, Израел и Кипар, Никос Дендиас, Габи Ашкенази и Никос Христодулидис, денеска ќе одржат трилатерална средба во грчкото МНР, а акцентот ќе биде ставен на зајакнување на соработката и на Источниот Медитеран, јави дописничката на МИА од Атина.

– Словенечката влада нуди вкупно пет милиони евра субвенции за комерцијалните авиокомпании, кои ќе бидат подготвени да обезбедат најмалку две линии неделно следната сезона за поврзување на Љубљана со другите големи европски аеродроми.

– Потпретседателот на Европската Комисија, Маргаритис Схинас, на Твитер, соопшти дека е позитивен на Ковид-19.

– Министерството за јавно здравје на Белгија денеска соопшти дека се потребни 450 години за да се разградат пластичните заштитни маски за превенција на заразата од Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Кризниот штаб за Ковид-19 информираше дека помеѓу 17 и 23 октомври Белгија постигнала стапка од тринаесет илјади новозаразени дневно во просек, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Американски шпионски авион утрово прелетал во близина на Корејскиот Полуостров, во обид да ја надгледува Северна Кореја, објави јужнокорејската служба за следење на авионите.

– Економијата на Јужна Кореја забележа пораст во третиот квартал од годинава, надминувајќи го падот предизвикан од Ковид-19 кога главните трговски партнери на земјата почнаа да ги укинуваат ограничувањата воведени поради пандемијата.

Раководството на Пари Сен-Жермен е заинтересирано да го покани Зинедин Зидан на функцијата главен тренер.

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ беше двоен стрелец синоќа на мечот од 5. коло на италијанскиот шампионат против Рома (3:3). Сега тој има 58 голови за „росо-нерите“ во целата своја кариера.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close