МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 октомври 2020

26 октомври 2020

– Јас и мојата фамилија ниту некогаш сме биле ниту ќе бидеме мафијаши ниту ќе бидеме корумпирани, а особено не се продаваме за ситни пари. Ако некој од нас бара оставка треба да аргументира зошто ја бара, рече претседателот на Комисија за заразни болести, Жарко Караџовски.

– Oд утре почнува етапната исплата на октомвриските пензии. Министерството за труд и социјожи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.ална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозмoзможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

– Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека е против воведување полициски час и измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, кои утре ќе се најдат пред пратениците, се во насока на избегнување на таа мерка. Но, со самото тоа што по 23 часот ништо нема да работи во државата, е практично имитирање на полициски час, вели министерот Филипче.

– Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, турски државјанин, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

– Дигиталните перспективи на регионот во контекст на интеграцијата во Европската Унија е главна цел на Дигиталниот самит за Западен Балкан во организација на Регоналниот совет за соработка, што се одржува он лајн во Тирана во рамки на Берлинскиот процес и Мултигодишниот акциски план на регионалната економска област за Западен Балкан. На самитот учествуваат високи владини претставници од регионот, Европската комисија, Регионалниот совет за соработка, претставници од бизнисот. На утрешната агенда на самитот е предвидено да се обрати министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

– Албанското владејачко мнозинството не се повлекува од измените и дополнувањата на Изборниот законик, кој не е потпишан од претседателот Илир Мета и е вратен на повторно разгледување.

– Финската национална авиокомпанија „Финер“ започна со продажба на оброци од бизнис класа во супермаркет за да спречи отпуштања во нејзината угостителска единица поради Ковид-19.

– Јапонските власти денеска соопштија дека нема да го потпишат меѓународниот договор за забрана на нуклеарно оружје под покровителство на ООН.

– Прелиминарниот календар за сезоната 2021 година денес ќе им биде презентиран на тимовите на виртуелниот состанок на Комисијата за Формула 1.

Back to top button
Close
Close