МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 октомври 2020

26 октомври 2020

– Работни групи од Северна Македонија и од Бугарија на дневна основа работат на надминување на разликите на двете земји во однос на примената на Договорот за добрососедство, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи потврдувајќи дека се подготвува дополнителен анекс на овој документ.

– Списанието за одржлив развој „Лице в лице“, денеска на својата фејсбук-страница промовира видео насловено „Да се обидеме и вака“ посфетено на развојот и трансформацијата на образовниот процес.

– Меѓународната невладина организација „Македонија2025“ ја освои престижната награда за мал бизнис 2020 (Small Business Awards), и е прогласена за најдобра организација за лидерски и економски развој во Југоисточна Европа.

– Пожарникарите на Град Скопје во моментов во Бригадата во Автокоманда протестираат поради не исплаќањето на надоместокт за опасност при работа, за кој пред 18 месеци Судот донел пресуда во нивна корист, а Градот се уште не го вметнува во платата.

– Грчката Влада, до 8 ноември ги продолжи двете министерски одлуки што се однесуваат на ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на Грција со соседните земји, меѓу кои и Северна Македонија, како и на забраната за влез во земјата на државјани на трети земји, јави дописничката на МИА од Атина.

– Во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на институциите во борбата против корупцијата”, Транспаренси Интернешнл – Македонија објави конкурс за изработка на истражувачки стории од областа на корупцијата и владеење на правото.

 Нови простории и опрема од денеска се во функција на Универзитетската ветеринарна болница за општи и специјалистички прегледи на домашните миленици. Болницата е опремена со најсовремена апаратура која е интегративен дел од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.

– Прекин во водоснабдување денеска од 09:50 часот имаат корисниците од селото Усје.

– Имавме седница на главниот кризен штаб и сè уште немаме нови препораки кои подразбираат порадикални мерки. Но ништо не се исклучува, изјави во „Утрински брифинг“  на „Слободна ТВ“, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Упатства за демарш до Турција дал министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, по новата турска навигациска информација Навтекс за истражувања во Источниот Медитеран, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

– Целосна поддршка и солидарност за претседателот на Франција Емануел Макрон и за францускиот народ изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку неговиот официјален твитер-налог по изјавите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, јави дописничката на МИА од Атина.

– Силниот тајфун Молави ги погоди Филипините и принуди илјадници селани да се евакуираат кон безбедните зони во покраините јужно од главниот град Манила.

 – Тренерот на Арсенал, Микел Артета не може да се помири со поразот од Лестер вчеравечер во 6. коло на англискиот шампионат против Лестер.

 

Back to top button
Close
Close