МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

22 октомври 2020

22 октомври 2020

– Северна Македонија и остатокот од Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, ноќта меѓу сабота (24 октомври) и недела (25 октомври) ќе прејдат на зимско сметање на времето. Во три часот по полноќ часовниците се враќаат еден час наназад, односно времето во три ќе се смета како два часот.

  Како Министерство за образование и Влада навистина сме посветени да се зајакне стручното образование во државата, да имаме кадар кој подоцна директно ќе може да биде активен. Тоа со години не беше така. Ова денеска го изјави министерката за образование и наука Мила Царовска во Кавадарци.

– Три медицински сестри од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се позитивни на Ковид-19. Се заразиле преку семеен контакт, а двајца доктори меѓу кои директорката на Клиниката, Викторија Јовановска се во самоизолација поради заболени членови на нивните семејства.

– Албанија планира да набави над 1,1 милион дози вакцини против Ковид-19 со кои ќе бидат опфатени 20 отсто од населението.

– Италијанското Министерство за здравство продолжува да објавува научни мислења за „магични лекови“, односно да ги разбива лажните вести и тврдењата за наводни лекови за третман на Ковид-19, пишува весникот „Ил Фафто Котидијано“.

– Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев рече дека не ја исклучува можноста да се одржи средба со ерменскиот премиер Никола Пашињан во Москва, но смета дека изгледите за мирно решение на конфликтот сè уште се далеку.

Голманот на Челзи, Кеп Аризабалага може да биде играч на Севиља во зимскиот преоден рок, објави „Естадио Депортиво“.

 

Back to top button
Close
Close