МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

22 октомври 2020

22 октомври 2020

-Ја промовираме слободта и одговорноста на новинарите  да истражуваат и да пишуваат без страв на теми од јавен интерес Одговорноста на новинарството, а особено на истражувачкото новинарство е да ги примени највисоките професионални и етички стандарди во работата за нивните текстови да бидат прецизни, авторитетни и засновани на факти. Ова го изјави меѓу другото, евроамбасадорот Дејвид Гир на денешното доделување на ЕУ наградите за истражувачко новинарство за 2019 година на свеченоста во организација на Самостојниот синдикат на новинaри и медиумски работници.

– Под покровителство на германското претседателство со Советот на ЕУ, министрите за правда и за внатрешни работи на Германија, заедно со Европската комисија, претставувана од Европскиот комесар за соседска политика и проширување, Европскиот комесар за миграција, внатрешни работи и државјанство и Европскиот комесар за правда, потрошувачи и родова еднаквост, преку видео-конференциска врска одржаа состанок со нивните колеги од земјите на Западен Балкан на годишниот Министерски форум за правда и внатрешни работи меѓу Европската Унија и Западен Балкан.

– Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, преку видео конференциска врска, денеска одржа состанок со шефот на делегацијата на Европската Унија во Скопје, амбасадорот Дејвид Гир, со кого, како што соопштуваат од неговиот Кабинет, разговараа за спроведувањето на реформите во нашата земја во насока на евроинтеграцискиот процес, како и за унапредување на сите сфери на општественото живеење.

– Петнаесет вработени од конфекција за текстил во Ресен се позитивни на коронавирус. Општинскиот кризен штаб, како што информира денеска за МИА градоначалниот на Општина Ресен Живко Гошаревски, кој раководи со телото, препорачал затворање на конфекцијата на 10 дена, но препораката не била испочитувана.

– Комесарот за проширување Оливер Вархеји, на денешната министерска конференција Европска Унија – Западен Балкан, потврди дека приоритет на Европската комисија се односите со регионот.

– Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска ги отфрли обвинувањата од Вашингтон дека Русија се меша во престојните претседтаелски избори во САД.

– Владата на Иран денеска го повика швајцарскиот амбасадор за да изрази протест поради, како што наведе, неоснованите сомнежи на САД дека Техеран се обидел да се вмеша во претседателските избори.

Талентираниот млад картинг натпреварувач Христо Ковачи, ентузијастички ја заокружи оваа година со реализирани петнаесет трки под капата на „Ковачи рејсинг тим“. Предизвикот беше голем но и искуството побогато земајќи учество на различни патеки, во Словенија, Австрија, Србија и Унгарија. Последната трка за оваа година беше предвидена Италија, беше откажана.

Back to top button
Close
Close