МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

22 октомври 2020

22 октомври 2020

– Првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ ќе биде позитивен сигнал и до целиот регион, истакнале премиерот Зоран Заев, вицепремиеот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, на денешната онлајн средба со високиот претставник за надворешна политика и за безбедност, и потпретседател на Европската Комисија Жосеп Борел.

– Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, ребалансот на Буџетот и Законот за заштита од дискриминација се очекува да бидат на дневен ред на собраниската седница закажана за 27 октомври. Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на средба со новинарите изјави дека пратеничките групи побарале законот да не биде ставен на седницата на 20 овој месец за да се усогласат за одредени прашања. Но, Џафери истакна дека поради разногласието на партиите нема намера да свикува седница само за една точка на дневен ред по скратена постапка и ги информирал дека наредната седница ќе биде на 27 октомври.

 – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска и утре преку видео-конференциска врска ќе учествува на состанок на Северноатлантскиот совет, на ниво министри за одбрана.

– Синдикатот на полиција во Македонија од Владата и од министерот Оливер Спасовски бара да воведат додаток за вработените во полицијата за борба против коронавирусот, бидејќи, како што посочуваат оттаму секојдневно се изложени на висок ризик од зараза.

– Почната е хоспитализација на пациенти во модуларната болница во непосредна близина на Kлиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Постои систем на мобилизирање медицински персонал, како среден медицински персонал, така и лекарски и специјалистички. Во моментот на испомош се дојдени колеги од интернистичките гранки и тоа е практично една екипа, еден тим кој работи и во клиничката зграда и во модуларната болница. Тоа е всушност една институција сега, изјави директорката на Клиниката, Милена Стевановиќ

– Промовирани „Стела и Сани“, малите херои од првите 3Д анимирани видеа наменети за едукација и анимација на деца создадени од македонското студио за филмска продукција и пост продукција „Вертиго Висуал” со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој во рамки на Јавен повик за кофинансирани грантови за комерциајлизација на иновации.

 По однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 899 прекршоци во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија.

– Во Словенија се потврдени повеќе од 1.600 нови случаи на коронавирус. Ова е објавено на веб-страницата 24 УР, која секое утро објавува неофицијални информации за вирусот, а за кои подоцна се утврдува дека се точни.

– Во Чешка во изминатите 24 часарегистрирани се рекордни 14.968 луѓе инфицирани со новиот коронавирус.

– Регионот Лацио, на кој му припаѓа и Рим, од утре ќе се воведе полициски час, според кој се забранува движење од полноќ до 5 часот наутро.

– Вулканот Безимјањи (безимен) утрово еруптира исфрлајќи пепел во висина и до 10 километри, соопшти портпаролот на геофизичката служба на Камчатка при Руската академија на науките.

– Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека од територијата на Ерменија биле лансирани балистички ракети во насока на регионот Габала на северот од земјата, што Ереван го демантираше.

 – Македонската фудбалска репрезентација бележи напредок за една позиција на ФИФА рејтинг листата објавена денес. „Црвено-жолтите“ изминатиот период имаат победа над Косово и нерешени исходи со Естонија и Грузија, по што се најдоа на 65.место со 1.356 бода.

 Би-би-си Спорт објави сторија на поранешната гимнастичарка Мишел Киневи која била изложена на мрачни постапки на тренерот Леонард Холис во 80-тите години на минатиот век.

Back to top button
Close
Close