МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

22 октомври 2020

22 октомври 2020

– Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров истакна вечерва декa Северна Македонија е посветена на имплеметација на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија и оти Софија одигра клучна улога во повторно актуелизирање на прашањето за проширување на Европската Унија, но напомена дека досегашниот успех ќе биде ставен во ризик доколку не се најде решение за ќор сокакот, кој настана поради спорот со Бугарија.

 – Вкупно хоспитализирани од Ковид-19 во цела држава има околу 500 пациенти. Само на Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 108 лица, од кои дури 80 се на кислородна поддршка. На Инфективна нема пациенти на респиратор, но има петмина во ГОБ „8 Септември“ каде од корона вирусот се лекуваат 47 пациенти.

– Почна примената на последните анти-ковид мерки што ги усвои Владата, но засега останува неизвесно кога ќе бидат донесени предложените измени на Законот за заштита на населението од заразни болести со кои треба да се овозможи воведување и на дополнителни рестрикции за справување со Ковид-19, меѓу кои и за задолжително носење маски на отворено, забрана за групирање надвор по 22 часот и ограничување на семејните собири.

– Северна Македонија да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на годината очекуваат официјален Берлин и Брисел.

– Министерката за образование и наука, Мила Царовска и  директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс денеска ќе одат во работна посета на училиштата  и компаниите партнери  во градовите  Велес и Кавадарци  каде се  спроведува  програмата за дуално стручно образование по германски модел.

– Првиот вицепремиер Артан Груби, заменик- министерот за здравство Илир Хасани заедно со здравствени работници и експерти денеска во Чаир ќе присуствуваат на настан по повод месец октомври- посветен на борба против ракот на дојка.

– Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите и Законодавно-правната комисија.

– Наградите од Европска Унија за истражувачко новинарство за 2019 година ќе бидат доделени денеска на церемонија организирана од Самостојниот синдикат на новинaри и медиумски работници.

– Хрватските власти мора да го запрат насилството врз мигрантите на границата со Босна и Херцеговина и да почнат да ги казнуваат одговорните полицајци, изјави вчера комесарот на Советот на Европа за човекови права, Дуња Мијатовиќ.

– Умерен земјотрес синоќа е регистриран во Јонско Море во близина на грчкиот остров Закинтос.Земјотресот бил со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала со епицентар на 10 километри длабочина, на 76 километри од Закинтос.

– Министрите од ЕУ и од Западен Балкан денеска ќе одржат видео конференција за правда и внатрешни работи, најави Брисел.

– Министерството за внатрешни работи на Грузија соопшти дека 43 заложници се ослободени од филијалата на Банка на Грузија во градот Зугдиди, а напаѓачот побегнал.

– Поглаварот на Римокатоличката црква, Франциск е првиот папа кој ги поддржа истополовите граѓански партнерски заедници.

– Во согласност со фактот дека Москва се согласи на понатамошно намалување на нуклеарниот арсенал и ограничување на стратешкото нуклеарно оружје, Вашингтон во принцип е согласен да го продолжи Договорот СТАРТ со Русија, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.

– Оваа недела се очекува договор на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО за изградба на вселенски центар во југозападна Германија, поради загриженоста за, како што смета западниот воен сојуз, сè поагресивното однесување на Русија и Кина.

– Стејт департментот одобри продажба на современо оружје на Тајван и тоа три системи – сензори, ракети и артилерија, во вкупна вредност од 1,8 милијарди долари, соопшти Пентагон.

 Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го заврши закрепнувањето од две операции на повреденото колено и ги започнува подготовките за следната сезона.

 – Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку го сподели своето мислење за ремито на натпреварот од 1. коло од групната фаза во Лигата на шампионите против Борусија Менхенгладбах (2:2).

– Не е најдобар резултат за Интер, ние сме способни за повеќе. Мора да продолжиме да работиме и да станеме посилни психолошки. Овој резултат не е лесен момент за нас, но треба да продолжиме да веруваме во квалитетот на нашата игра. Интер треба да биде подобар во дефанзива затоа што ги дозволивме двата гола заради сопствени грешки. Премногу грешки, ова не е дозволено на ова ниво, рече Лукаку за „Скај Италија“.

– Времето ќе биде претежно сончево, по одделни котлини со слаба утринска магла. На места ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Back to top button
Close
Close