МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

21 октомври 2020

21 октомври 2020

– Владата и Министерството за транспорт и врски и во време на пандемија со Ковид-19 остануваат со силен фокус на капиталните инвестиции и подобрување на инфраструктурата. Ги отстрануваме пречките во проектната документација за изведувачите да можат да работат непречено, а мерките за поддршка на граѓаните од четвртиот сет, не ги загрозуваат капиталните проекти и продолжуваме да работиме со силен интензитет, порача министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска во работна посета на Крива Паланка.

– Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска се сретна со амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј. Како што соопштија од МИОА, на средбата, министерот Шаќири изрази задоволство од успешната соработка меѓу Британската амбасада и Министерството за континуираната поддршка во процесот на реформа на јавната администрација, со оглед на тоа што британската експертиза и помош, се вели, се од исклучително значење.

– Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Стојко Пауновски ги повикува сите граѓани кои не добиле ваучер или не им се вратени парите од туристичките агенции за пропаднатите аранжмани поради пандемијата со коронавирусот веднаш да поднесат претставка до најблиското одделение на ДПИ до нивното место на живеење.

– Бугарскиот претседател Румен Радев е негативен на коронавирус, соопшти денеска неговиот портпарол.

– Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“ откри повеќе од 80 мутации на коронавирусот, изјави денеска генералниот директор на тој центар, Ринат Маскјутов.

– Парагвајската полиција во пристаништето Терпорт откри и заплени околу 2,3 тони кокаин на брод што пловел кон Израел.

– Европската фудбалска асоцијација официјално соопшти дека ја откажува Елитната рунда квалификации за Европско првенство за играчи до 19 години, како и финалната фаза закажана за ноември 2020 и март 2021 година.

Back to top button
Close
Close