МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

21 октомври 2020

21 октомври 2020

– Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време на отворен свет и кога нема бариери за миграции, младите лесно си одат без да се двоумат. Иако имаме Национална стратегија за соработка и спречување на одливот на млади и висококвалитетни кадри 2013-2020, таа не се спроведува, покажува анализата на Мрежата за спречување на одливот на мозоци – составена од седум граѓански организации кои работат на различни области поврзани со развојот на младите, младинските политики и права и младинското информирање.

– Мерките од четвриот владин сет веќе се реализираат, а за дел се чека да се усвои ребалансот и да се спроведат јавните повици за реализација на мерките. Законското решение е веќе подготвено, консултациите завршуваат со засеганатите страни и ќе биде испратено најдоцна задутре во Собранието, а подготвени се и правилниците за реализација на мерките што се преку Министерството за економија и чекаат објавување штом се создадат законски услови, односно штом помине ребаласот на Буџетот во Собранието.

– Министерството за економија со помош на експерти од Светска банка го подготви првиот Предлог-закон за јавно приватно партнерство (ЈПП) во земјава, чија главна цел е да се зајакне улогата и надлежностите на Министерството како силен надзорен субјект, во реализацијата на ЈПП проектите во текот на целиот нивен процес, почнувајќи од самиот почеток па се до истекот на договорите за ЈПП, информира ресорниот министер Крешник Бектеши.

– Турската полиција откри и заплени 220 килограми кокаин на брод што пристигнал од Бразил, соопшти Обвинителството во провинцјата Мерсин.

– Седум лица,од кои двајца малолетници, осомничени за вмешаност во убиството на професорот по историја во Франција, Самуел Пати, ќе бидат изведени пред антитерористички судија. Се очекува отворање на судска истрага и евентуално нивно обвинување за нивната вмешаност во атентатот, јави дописникот на МИА.

– Шефот на Пентагон, Марк Еспер, изјави дека дел од американските сили кои неодамна започнаа дислокација од Германија, можат да останата трајно во Полска, во балтичките земји, како и во Романија и во Бу гарија, а Ковид-19 треба да ги поттикне НАТО сојузниците да трошат повеќе за колективна безбедност.

Тренерот на Барселона, Роналд Куман не е задоволен од исклучувањето на Пике на вчерашниот натпревар со Ференцварош во Лигата на шампионите.

Back to top button
Close
Close