МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

21 октомври 2020

21 октомври 2020

– Изречени се вкупно  509 санкции во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје во рамки на засилените полициски контроли во областа на сообраќајот.

– Корисниците од улицата „Благоја Стефковски“  позади училиштето Михајло Пупин во Општина Гази Баба, како и потрошувачите од село Горно Соње во близина на црквата утре од 9:00 до 12:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

 Регистрирани се 777 прекршоци по однос на мерката за носење лична заштита на лице, во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија.

– СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал вчера поднесе кривична пријава против Ф.М. од Скопје, за постоење основано сомнение дека пријавениот во повеќе наврати врз повеќе лица сторил кривично дело „измама“ по чл. 247 од Кривичниот законик.

– Министерството за внатрешни работи (МВР) на територија на општина Ѓорче Петров вчера изрекла вкупно 205 санкции.

– Водостојот на Преспанското Езеро е 36 сантиметри под асполутно дозволениот минимум, додека кај Охридското Езеро ситуацијата е спротивна, односно тоа е за седум сантиметри над дозволениот минимум, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

– Во Словенија во последните 24 часа се потврдени рекордни 1.323 случаи на коронавирусот, според неофицијални податоци кои денеска ги објавија провладини портали.

– Во Украина, во текот на вчерашниот ден се потврдени 141 смртен случај како последица на коронавирусот, што е највисоко за еден ден, а регистрирани се 6.719 нови случаи на инфекција.

– Во Русија во изминатите 24 часа пријавени се 317 смртни случаи од последици од новиот корнавирус, што е најголем број од почетокот на пандемијата.

– Најмалку 15 лица загинаа во стампедо пред пакистанскиот конзулат во Џалалабад, каде околу 3.000 граѓани чекаа ред за виза, соопштија авганистанските власти.

– Бразилскиот министер за здравство Едуардо Пазуело се разболе и постои сомнеж дека има коронавирус, соопшти Министерството.

– Најмалку три лица загинаа, а 15 се повредени во експлозија на повеќекатница во јужниот дел на пакистанскиот град Карачи, соопшти полицијата на тој град.

– Азербејџанското Министерство за одбрана денеска соопшти дека ерменската страна извршила артилериски напад врз областа Тартар во близина на спорната област Нагорно-Карабах.

– Бројот на заразени со коронавирусот во светот денеска надмина 41 милион, покажуваат податоците на интернет страницата Ворлдометерс.

 Со учество на 15 екипи во конкуренција на јуниори и шест екипи во конкуренција на јуниорки, со повеќе од 70 играчи, в сабота (24 октомври) стартува јуниорската лига во пинг-понг.

 – Себастијан Буеми е назначен за резервен возач на Формула 1 тимовите Ред Бул и Алфа Таури до крајот на сезоната 2020 година.

Back to top button
Close
Close