МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

21 октомври 2020

21 октомври 2020

– Онлајн дебата на тема „Слободен пристап до информации од јавен карактер во време на Ковид-19“ ќе се одржи денеска во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

– Предлог-закон за спречување и заштита од дискриминација во второ читање денеска е на дневен ред на две комисии во Собранието.

– Во Валандово денеска ќе се одржи завршна конференција на проектот „Свеста за своето Валандово 2020“, што го спроведуваше Институтoт за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје, со цел развивање на свеста кај младите, наставниците и локалното население за културното наследство и традицијата на Општина Валандово.

– Во организација на Мрежата за спречување на одлив на мозоци денеска ќе се одржи конференцијата: „Како институциите се справија со одливот на мозоци 2013-2020?“.

– Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе се обрати на свеченоста по повод промоцијата на потпоручници и заклетвата на питомци од Воената академија. Настанот ќе се одржи во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.

– Во организација на Транспаренси Интернешнл-Македонија денеска ќе се одржи онлајн настанот на проектот: „Промовирање на заеднички вредности низ Европа”.

 – Во рамки на Втората сесија на Работната група 4 (Правда, слободи и безбедност– Поглавје 24) од Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска ќе се одржи видео-конференција на тема „Пандемијата и безбедноста. Како понатаму?“.

– Угостителските објекти ќе работат до 23 часот, државната администрација треба да го организира работењето од дома или во смени, а капацитетот на јавниот превоз ќе се ограничи за 50 отсто. Ова се дел од препораките на Комисијата за заразни болести со цел заштита од Ковид-19, кои Владата вчера ги усвои и истите веднаш стапија на сила.

– Хрватските власти изразија поддршка за членство на Северна Македонија во ЕУ и очекуваат првата Меѓувалдина конференција меѓу земјава и Унијата да се одржи до крајот на годинава, додека во исто време од Скопје упатени пораки дека се очекува Бугарија и во иднина да продолжи да биде голем поддржувач за нашите евроатлантски интеграции, а ЕУ во односот кон земјава да покаже дека е заедница на вредности и принципи.

– Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин Јакобсдотир за американски „Вашингтон пост“.

– Унгарската министерка за правда Јудит Варга соопшти дека е позитивна на тест за коронавирусот, дека чувствува благи респираторни симптоми и оди во карантин.

– Во Чешка, 11.984 нови случаи на коронавирус се потврдени во последните 24 часа, што е повторно највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата.

– Четиринаесетгодишно дете загина во експлозија на бомба од Втората светска војна во воено-патриотскиот центар Лобња, недалеку од Москва, јави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на извор од службите за итни случаи.

– Американскиот Сенат во понеделник, на 26 октомври, осум дена пред претседателските избори, ќе се изјасни за кандидатурата на Ејми Кони Берет, која беше предложена за судија на Врховниот суд од претседателот Доналд Трамп, изјави претседавачот на Горниот дом на Конгресот, Мич Меконел.

– Американскиот трговски претставник Роберт Лајтхајзер изјави дека е „многу задоволен“ од напредокот на трговските преговори со Велика Британија и најави дека наскоро ќе се постигне договор.

– Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека има сметка во кинеска банка, објави Њујорк Тајмс.

– Обединетите нации соопштија дека им биле ветени повеќе од 1,7 милијарди американски долари за финансирање на напорите за помош на Буркини Фасо, Мали и Нигер до крајот на 2020 и 2021 година, а шефот на Одделот за хуманитарни работи на ООН, Марк Лукук предупреди дека во регионот Сахел „претстои трагедија“, но посочи дека може да се спречи.

– Повторените парламентарни избори во Киргистан ќе се одржат на 20 декември, објави Централната изборна комисија.

 – Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд го сподели своето мислење за победата над ПСЖ (2:1) во мечот од 1. коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

– НБА лигашот Индијана пејсерс го назначи Нејт Бјоркгрен за нов главен тренер на тимот.

Back to top button
Close
Close