МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

25 септември 2020

25 септември 2020

 Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата санкционирани се 647 граѓани за неносење заштита на лице – маска, информираат од МВР.

 Без вода денеска од 9:30 часот се корисниците од улицата „Џон Кенеди„ бб до Пензионерскиот дом.

– Прес – конференција на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и министерот за правда, Бојан Маричиќ ќе одржат прес-конференција.

– Македонската банкарска асоцијација (МБА) и Народната банка одржаа средби со вицешампионот на Европскиот квиз на парите Христијан Андовски и со двајца од учениците кои остварија најдобри резултати на националниот натпревар – Едон Хамбари и Антонио Јорданоски и нивните ментори Мерита Таири и Илчо Јорданоскиа учествуваше и Александра Бошковска-Спасовска – менторка на Андреј Шумански, којшто го освои второто место на националниот натпревар, но не беше во можност да присуствува на настанот. На средбата беа доделени наградите за остварениот успех, информираат од МБА.

– Словенечкиот претседател Борут Пахор којн престојува во дводневна официјакна посета на Северна Македонија, претпладнево во вила „Водно“ беше пречекан од претседателот Стево Пендаровски, со официјална церемонија и највисоки државни и воени почести.

– Северна Македонија има постигнато значителен и суштински напредок во делот на борбата против корупцијата со што повеќе не е во групата на глобално незадоволителни држави, изјави денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

– Министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција најави закон за вонредна и воена состојба, имајќи предвид, како што рече, дека не знаеме што не очекува во иднина со коронакризата.

– Ратификациите на договорите со Северна Македонија не се итни, вели претседателот на грчкиот Парламент Константинос Тасулас, одговарајќи на соопштението од СИРИЗА, во кое од опозициската партија коментираат дека Владата на неодредено време ги одложува ратификациите, јави дописничката на МИА од Атина.

– Министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција најави закон за вонредна и воена состојба, имајќи предвид, како што рече, дека не знаеме што не очекува во иднина со коронакризата.

– Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека во моментот кога Специјализираните комори за Косово, односно Меѓународниот суд за воени злосоторства во Косово, ќе го потврдат обвинението против него, веднаш ќе поднесе оставка од функцијатајави дописникот на МИА од Приштина.

 Турција и некои организации за човекови права ја обвинија Грција за обемни депортации на мигрантите без пристап до процедурите за азил, што е спротивно на меѓународното право, пренесуваат американските медиуми.

– Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин денеска им нареди на повозрасните лица да останат во своите домви и препорача на работодавците да дозволат работа од дома, откако бројот на нови случаи на коронавирус во рускиот главен град нагло се зголеми.

– Британски полицаец е убиен во раните утрински часови во полициска станица во јужен Лондон. Како што пренесуваат британските медиуми, тој бил застрелан од 23-годишен маж кој веднаш е приведен во станицата.
 Водечкиот германски епидемиолог, Христијан Дростен, во говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвремено славење на успехот на Германија во кризата со коронавирусот.
– Кај водителот на детската научно-образовна Јутјуб-емисија „Среќниот научник“ (The Happy Scientist), полицијата нашла поголемо количество детска порнографија.
– Базата на податоци на Интерпол содржи околу 50.000 досиеја со податоци за терористите во светот, изјави денеска шефот на руското централно национално биро Интерпол, Александар Прокопчук.
 – Како дел од предизборната кампања, американскиот претседател Доналд Трамп ги посети Северна Каролина и Флорида, некои од државите каде што резултатот од претседателските избори не е „познат однапред“ и им порача на насобраните дека плановите на демократскиот кандидат Џо Бајден се опасни за американската економија.
– Протестите против расизмот во Луисвил, Кентаки, продолжија синоќа, втора вечер по ред, откако тројца полицајци беа ослободени од обвиненијата за убиството на Афроамериканката Бријана Тејлор.

– Ѕвездата на Милан – Златан Ибрахимовиќ, го даде првиот коментар откако стана јасно дека е заразен со КОВИД-19.– Вчера дадов негативен тест за КОВИД, а денес – позитивен. Немам никакви симптоми. КОВИД имаше храброст да ме предизвика. Лоша идеја, напиша Златан на Твитер

– Јувентус успеа да се договори за раскин на договорот на друг играч, откако тоа го стори со Гонзало Игуаин и Блеиз Матуиди, кои веќе играат за американскиот Интер Мајами.

– Манчестер Јунајтед ќе даде последна понуда преку овој преоден рок за нивната голема цел Џејден Санчо следната недела.

 

Back to top button
Close
Close