МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

25 септември 2020

25 септември 2020

 Во последните 24 часа беа направени 1630 тестирања, а регистрирани 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети. Полицијата секојдневно регистрира голем број прекршоци за неносење лична заштита на лица, а во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, регистрирани се 680 прекршоци.
– Одржување на првата Меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Европската Унија, со која се означува старт на преговорите за членство, до крајот на годината за време на германското претседателство е цел и очекување на официјален Берлин, но и на власите во земјава.
– Последните сведоци предложени од одбраната во случајот „Монструм” денеска во Кривичниот суд Скопје, е предвидено да го дават својот исказ. Според најавите од претходното рочиште, денеска треба да сведочат тројца сведоци, од кои еден припадник на полициската единица Алфи. Со завршување на ова фаза следува подготвителен период за завршни зборови.
 – Претседателот на Словенија Борут Пахор денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија на покана од шефот на македонската држава Стево Пендаровски.
– Недоволно содржини, атракции, сместувања, услуга, управување со отпад и придржување до протоколите, се само дел од сегментите што ќе мора брзо да ги подобриме ако сакаме во викендите до крајот на годината да имаме туристи во домашните капацитети. Сезони веќе не постојат, корона кризата измести се. Падот во секторот е на очекувано ниво и во рамки на европскиот просек од – 67 отсто во бројот на гости и 56 проценти во бројот на остварени ноќевања. Има простор за оптимизам дека зацртаната цел е возможна – достигнување два милиона ноќевања во 2020 година.
– Владата на Сојузна Република Германија му донираше на Министерството за здравство на Република Северна Македонија осум респираторни машини марка како поддршка за македонските клиники, соопшти Гераманската амбасада во Скопје.
– Премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ќе извршат увид во градежните работи на патот од село Бутел до село Љуботен.
– На отворено, поради пандемијата со Ковид-19, во дворот на општинското основно училиште „Саит Најдени“ во Дебар, синоќа почна 19-то издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“.
– Младинското здружение на глуви и наглуви „Млад знак” и Националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Република Северна Македонија организираат настан на тема „Со знаковен јазик, сите се вклучени“, а по повод Меѓународната недела на глуви лица.
Целта на настанот, на кој може да се добијат информации за активности на здруженијата и запознавање со знаковниот јазик, е да се подигне свеста за важноста на македонскиот јазик и неговата употреба во сите аспекти на општественото живеење.Одбележувањето ќе се одржи во Градски Парк – Школка.
– Корисниците од улиците „Варшавска“, „Хелсински“, „Ташкенска“, „Мексичка“ и „Хаванска“ во Општина Карпош денеска од 8:30 часот ќе останат без вода за пиење.
– Синоќа околу 20.00 часот на стариот пат село Извор – Прилеп, атар на село Степанци, група на граѓани кои вршеле безправна сеча на огревни дрва ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници од Полициското одделение – Чашка.
 – Државната ревизорска куќа на Кипар соопшти дека е можно да се издадени илјадници пасоши без соодветна дозвола, согласно условите од државната шема за „државјанство за инвестиции“, програма за која критичарите велат дека странците ја користат за криминал и перење пари.
– Изградбата на гасоводот „Северен поток 2“ стана прашање на честа за Германија, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
– Моќниот ватикански кардинал, Џовани Анџело Бечиу, кој е вмешан во скандал со недвижнини, денеска изнанадувачки поднесе оставка и се откажа од правото да учествува во изборот на следниот папа.
 – Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера ги презентираше првите скици на неговот план за здравствена реформа, за кој зборува со месеци, пренесе ДПА.
– Во САД, бројот на заразени со коронавирус надмина седум милиони, само неколку дена откако бројот на починати од Ковид-19 во таа земја се искачи на 200.000.
– Африканските држави, на третиот ден од 75-та седница на Генералното собрание на Обединетите нации, побараа финансиска помош што ќе им помогне на економиите да ја преживеат пандемијата на коронавирус. Африканските земји проценуваат дека им требаат 100 милијарди долари поддршка годишно во текот на следните три години.
 – Л.А. Лејкерс се на побед од големото финале во НБА, но добро знаат дека Денвер веќе двапати стигна заостанување од 1-3 во серијата.

– Сите двојки во плејофот од Лигата на Европа се веќе јасни.Последниот македонски претставник, тетовска Шкендија синоќа загуби во Скопје од Тотенхем на Муруњсо 1:3 и со тоаги заврши настапите во евротурнирите.Средбите се закажани за 1 октомври.

– Челси е подготвен во следниве денови да го пушти под наем голманот Кепа Арисабалага, пишува весникот „Сан“.

– Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има зголемена облачност со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се движи од осум до 15 степени, а дневната температура од 20 до 31 степени.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close