МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

7 април 2020

7 април 2020

– Британската амбасада во земјава денеска донира опрема за Армијата за поддршка за нивното справување со ситуацијата со коронавирусот. Британската амбасада на својот официјален твитер-профил објави дека е важно да се остане заедно во овие времиња на предизвици.

– Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посети болницата во Куманово за да направи увид во работењето и капацитетите. На состанокот со менаџментот тој потврди дека болницата работи непречено и дека организацијата на работата е добра, соопшти Министерството за здравство.

– Трошоците на животот во март годинава се зголемени за 0,2 отсто во споредба со претходниот месец, а цените мало, пак, се намалени за истиот процент – 0,2. На годишно ниво, односно во споредба со март 2019 година трошоците на животот бележат пораст од 0,5 отсто, а цените на мало пораснале за 0,3 проценти.

– Српското Министерството за здравство и институтот за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут“ проследија до локалните самоуправи инструкции, со кои се наложува дека сите заразени лица со коронавирус мора да се да се лекуваат во ковид болниците или во импровизираните болници (карантитни) во Белград, Ниш и Нови Сад, како и дека повеќе нема да има лекување во домашни услови, изјавија од министерството.

– Романија и Норвешка, преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, испраќаат екипа на лекари и медицински сестри за да им помогнат на локалните доктори во Италија, соопшти денеска Европската Комисија.

– Употребата на медицински маски може да ја намали брзината на ширење на смртоносниот коронавирус, тврди меѓународна група научници, пренесува списанието „Натурал медицин“ (Natural Medicine).

 

Back to top button
Close
Close