МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

7 април 2020

7 април 2020

– Затворени се 48 угостителски објекти, забранети се за употреба 215 кафемати, а кај 15 месарици и маркети е констатирана општа лоша хигиенска состојба, во тек на 3.908 надзори што ги спровеле шесте инспекциски служби во државава од 2 до 5 април годинава, вршејќи контрола на почитување на владините препораки за заштита од ширењето на вирусот Ковид -19.

Во земјава нема тестови за коронавирус кои не се регистрирани во Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), соопшти денеска директорката на МАЛМЕД, Висаре Риза.

– Прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“ издвоила 3,5 милиони денари од почетокот на кризата и преку финансиски донации, набавка на средства за дезинфекција, заштитни средства и со прехранбени продукти, им помогнала на повеќе институции и граѓани, соопшти компанијата.

– Светиот оган што секоја година, со специјален лет од Ерусалим пристигнува на Велика Сабота во Атина, а потоа „патува“ во сите делови на Грција, и покрај ограничувањата и превентивните мерки за коронавирусот, сепак регуларно ќе биде пренесен кај јужниот сосед, но со скромна церемонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Новиот коронавирус, и покрај својата заразност и смртност, не го зголеми стравот на Германците од сериозни заболувања, се вели во деталното истражување на „Р + В“ осигурување.

– За првпат откако започна пандемијата со коронавирусот, Кина не пријави ниту еден смртен случај во изминатите 24 часа.

 

Back to top button
Close
Close