МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

6 април 2020

6 април 2020

– Кризниот штаб при општина Тетово денеска информираше дека починале двајца граѓани, жители на градот кои претходно биле заразени со коронавирусот, со што бројката на смртни случаи со претходниот од Пирок, општина Боговиње се искачи на три.

– Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски информира дека резултатите од тестот за коронавирус од мајката на сопругата на претседателот се негативни.

– Владата на САД намени 1,1 милион долари за намалување на ширењето на вирусот Ковид-19 во Северна Македонија. САД преку Американската агенција за меѓународен развој (УСИАД) ги обезбедуваат овие фондови до Светската здравствена организација и Детскиот фонд на Обединетите нации – УНИЦЕФ за имплементирање на активности за поддршка на напорите на властите за справување со Ковид-19.

– Останувајќи дома во април, во наши раце е, во мај да се радуваме на првите резултати од нашата одговорна позиција, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен видеоконференциски брифинг со новинарите, истакнувајќи дека земјата овие денови влегува во најклучната фаза од „необјавената војна што ја отвори пандемијата во целиот свет“, јави дописничката на МИА од Атина.

– Британскиот премиер Борис Џонсон е со „добар дух“ и имаше “удобна ноќ“ во болницата „Сент Томас“ во Лондон, соопшти Даунинг стрит.

– Претседателот на Либан, Мишел Аун апелираше денеска на меѓународната заедница да и помогне на земјата бидејќи минува низ катастрофална економска и финансиска криза во изминатите децении, која во последните недели е уште повеќе влошена поради пандемијата на новиот коронавирус.

Back to top button
Close
Close