МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

3 април 2020

3 април 2020

– Основното јавно обвинителство во Штип денеска поднесе предлог за определување притвор за две лица, жители на Штип на возраст од 23 и 26 години, за кои постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело „насилство“, информираат од Јавното обвинителство.

– Во хотелот „Молика“ на Пелистер синоќа пристигнала уште една група од 26 лица за претстој во државен карантин.

– Најбргу ќе стигнат средствата од Меѓународниот монетарен фонд од странските ликвидносни инјекции, кои се очекува најверојатно да дојдат во текот на месецов, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за „Утрински брифинг“.

– Европската унија подготвува економски план за развој на земјите од Западен Балкан што ќе биде претставен на Самитот ЕУ-Западен Балкан што треба да се одржи во Загреб во мај, соопшти еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

– По неколкунеделно неработење поради актуелната епидемија на коронавирусот, некои трговски и производствени објекти во Словенија повторно добија дозвола да почнат со работа.

– Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изрази надеж дека за лекување на Ковид-19 наскоро ќе може да се користат лекови со насочено дејство, бидејќи е убеден дека лекот ќе се појави на пазарот пред вакцината.

– Гугл објави извештаи за состојбата во март во 131 држава од светот за тоа дали се намалила посетеноста на продавници, паркови и други места, откако многу влади наредија да се остане во домовите за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Back to top button
Close
Close