МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

2 април 2020

2 април 2020

– Во изминатите 24 часа се регистрирани 30 нови случаи позитивни на коронавирусот во државава, и тоа 12 во Скопје, осум во Куманово, девет во Прилеп и еден во Крива Паланка, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 384 лица, соопшти Министерството за здравство.

– Европската Комисија веќе работи на подготовката на рамката за преговорите со Северна Македонија и Албанија, откако лидерите на ЕУ дадоа зелено светло минатиот месец, јавува дописничката на МИА од Брисел.

– АД „Пошта на Северна Македонија“- Скопје соопшти дека овозможиле размена на пошта по сувоземен односно површински пат со Албанија, Грција, Косово, Романија, Бугарија и Турција. Од соседните држави, нема размена на пошта со Србија поради затворањето на границите. Размената на меѓународната пошта по авионски пат и натаму е привремено прекината поради затворените аеродорми.

– Во Албанија се регистрирани 18 новозаразени со коронавирус,со што вкупната бројка се зголеми на 277 лица.

– Повеќе од 95 проценти од починатите од последици од новиот коронавирус во Европа имале над 60 години, но погрешен е ставот дека со Ковид-19 се заразуваат само повозрасните лица, изјави денеска директорот на канцеларијата на Светска здравствена организација во Европа, д-р Ханс Клуге.

– Во кинескиот град Шенжен од 1 мај ќе биде забрането консумирање на месо од кучиња и мачки. Тоа се дел од мерките преземени поради спречување на ширењето на новиот коронавирус.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close