МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

1 април 2020

1 април 2020

– Со оглед на фактот што во некои општини е зголемено времето на чекање за земање на брис материјалите за испитување, во план сме да го зголемиме капацитетот на пунктовите за тестирање во сите општини каде тоа е потребно, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

– Може слободно да се каже дека здравствениот систем е подготвен да прими и многу поголем број на пациенти отколку што сега се третираат во болниците и мислам дека сме спремни и за пикот кој го очекуваме и според проценките би требало да биде на крајот на месец април, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– Лажна информација за почината жена од Кочани е предмет на полициска истрага, откако во неделата попладне поради сериозни здравствени проблеми таа била однесена во кочанската Општа болница.

– Април ќе биде клучен месец, и покрај фактот што засега, се справуваме подобро од другите земји, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во однос на ситуацијата со коронавирусот во земјата на почетокот на состанокот со надлежните за програма од општините за помош на ранливите групи граѓани, јави дописничката на МИА од Атина.

– Европската комисија денеска најави програма за скратено работно време, за која ќе гарантираат земјите-членки, а која ќе им помогне на фирмите во најтешко погодените држави да ги задржат работниците. Инструментот детално ќе биде претставен до крајот на неделата, а е осмислен со цел да ги обесхрабри фирмите да отпуштаат работници.

– Постои ризик од „недостиг на храна“ во светот, како резултат на влијанието на коронавирусот врз светската трговија и синџирите на снабдување, предупредија Светската здравствена организација (СЗО), Обединетите нации и Светската трговска организација (СТО).

Back to top button
Close
Close