МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

1 април 2020

1 април 2020

– На Клиниката за инфективни болести се примени девет нови заболени од коронавирус, со што вкупниот број хоспитализирани е 59, 12 се со потешка клиничка слика од кои пет се поставени на механичка вентилација, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– Некои превозници мора да одбијат да се вратат на работа затоа што нивните жени и деца се отфрлаат од општеството единствено затоа што сопругот, односно таткото, е возач и потенционален преносник на вирус. Ова е само еден од предизвиците со кои се соочуваат транспортерите, а за зборува во интервју за МИА, Билјана Муратовска, генерален секретар на Асоцијацијата на камионски превозници МАКАМТРАНС.

– Денеска почина државниот секретар во Министерството за животна средина на Србија, Бранислав Блажиќ кој беше позитивен на коронавирусот.

– Лекарите од одделот за реанимација во болницата во Торино извршиле досега неизведена операција на пациент заразен со коронавирус.

– Тим кинески научници изолираше неколку антитела, за кои се тврди дека се „исклучително ефикасни“ во спречување на продирањето на коронавирусот во клетките. Ваквите сознанија можат да бидат употребени за лекување и превенција на заразата со овој вирус.

Back to top button
Close
Close