МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

1 април 2020

1 април 2020

– Сообраќајот за тешки тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар е нормализиран, информираат од АМСМ.

– Владата на Република Северна Македонија денеска со почеток во 13:00 часот ќе одржи седница.
Од владината прес- служба информираат дека за сите заклучоци што ќе бидат донесени ќе биде испратено соопштение веднаш штом заврши седницата.

– Стресот поради ситуацијата, проблемите со децата, конфликти во семејството, се главните теми за кои грчките граѓани преку видео повици побарале помош и совети од програмата за психолошка поддршка на периферијата Атика и Медицинска асоцијација од Атина.

– Велика Британија планира од средината на април да почне со тестирања на 25.000 лица дневно, изјави министерот за здравство Роберт Џенрик.

– Тајван ќе донира 10 милиони маски за земјите кои се најтешко погодени од новата пандемија на коронавирус, изјави денеска претседателката Цај Инг-Вен.

Back to top button
Close
Close