МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

27 март 2020

27 март 2020

– Во овој момент е добро што имаме линеарно зголемување на бројот на случаите, приближно ист број секој ден, а не експоненцијално, но ние сме спремни да прифатиме и да третираме пациенти дури и да има раст. Целосно се мобилизирани здравствените работници, спремни се капацитетите. Имаме и излекувани пациенти и сме целосно во ситуација да се амортизира приемот на пациенти. Терапијата е веќе аплицирана кај пациенти кај кои е индицирана согласно анализите од нивното ЕКГ. Сосема добро стручно се справуваат колегите во сите јавно здравствени институции.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата на која рече дека еден од членовите на резервниот тим на Клиниката за кардиологија на работа пројавил симптоми.

– Бегалците и мигрантите, кои речиси еден месец беа насобрани на турска страна и насилно и нелегално се обидуваа да влезат на грчка територија, а доста често, во Грција, медиумите и официјалните лица тврдеа дека се помогнати од турските власти, во текот на ноќта го растурија импровизираниот камп и си заминаа од Еврос, јави дописничката на МИА од Атина.

– Три лекови – умифеновир, ремдесивир и фавипиравир поминуваат низ клиничко тестирање на пациенти со коронавирус, според привремените препораки за превенција, дијагностицирање и лекување на пациенти, соопшти руското Министерство за здравство.

– Преземените рестриктивни мерки низ светот во врска со борбата против новиот коронавирус ја зголемуваат опасноста од семејно насилство, изјави специјалниот известувач на ОН за насилство врз жените, Дубравка Шимоновиќ.

– Голема е веројатноста да се зголеми семејното насилство. За многу жени и деца домот може да биде место, во кое владее стравот и каде со нив се однесуваат сурово. Оваа состојба се продлабочува за време на изолација и целосен карантин, воведени поради Ковид-19, истакна Шимоновиќ.

Back to top button
Close
Close