МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

27 март 2020

27 март 2020

– Министерството за надворешни работи информира дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство, денеска организираше враќање во земјата на 118 македонски граѓани од Ла Валета, Малта, а во попладневните часови ќе бидат превезени и наши граѓани од Загреб.

– Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи со коронавирус во земјава и тоа 11 во Скопје, четири во Прилеп, два во Куманово и еден во Тетово, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12 часот изнесува 219 лица.

– Словенечките здравствени власти соопштија дека уште три лица починале во земјата како последица од коронавирусот.

– Владата на Велика Британија најави итни мерки за помош за самовработените откако се соочи со зголемен притисок за да ја усогласи финансиската помош што им се нуди на другите работници за време на пандемијата со новиот коронавирус.

– Авганистанската престолнина Кабул, која има население од околу шест милиони луѓе, ќе биде под мерки на карантин до 28 март.

 

Back to top button
Close
Close