МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

4 јуни 2020

4 јуни 2020

– Продолжувањето со рестриктивните мерки за спречување на ширењето на епидемијата на коронавирусот значи дека се уште не е либерализирана понудата на сместувачки капацитети во туристичките центри во земјата. Тоа значи дека се уште е на сила целосната забрана за работа на сместувачките капацитети, како за поголемите објекти така и за приватните станоиздавачи.

– Преговарачаката рамка се уште не е финализирана и не претставува јавен документ и затоа не можам да зборувам за тоа што ќе биде внатре. Станува збор за истата преговарачка рамка со слична структура како и за другите земји во регионот, со тоа што треба да ја интегрира новата методологија неодамна усвоена од Европскиот совет, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе биде објавена преговарачката рамка, што ќе содржи и дали ќе бидат опфатени добрососедските односи со Бугарија.

– Со посебна владина уредба сите штипски текстилни и кожарски фабрики за време на карантинот целосно ќе го запрат производството. Оваа уредба е донесена денеска, а ја презентираше градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски на денешната прес-конференција, откако синоќа реагираа работниците, невладината „Гласен Текстилец“ и тој до Владата, да се донесе посебна уредба за Штип.

– За елиминирање на континуираните позитивни случаи на Ковид-19 во поширокиот регион на грчкиот град Ксанти, од денеска напладне, до сабота, 15 мобилни единици во десет општини ќе вршат масовно тестирање на населението, јави дописничката на МИА од Атина.

– Глобалниот самит за вакцини почнува денеска, а Европска комисија најави дека ќе издвои 300 милиони евра за имунизација во најранливите земји во светот, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Австралискиот премиер Скот Морисон мораше да се помести од новозасадениот тревник, откако сопственикот на куќата каде што стоеше му свика за време на прес-конференција.

 

Back to top button
Close
Close